Разговор со корисник:Glisha

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Здраво од мене, и се надевам дека ќе придонесеш многу во растот и развојот на Македонската Википедија :). Постави некои прашања.... Вака, првин за интерфејсот, тој е готов, само еве веќе подолго време чекаме да го пуштат од Мета. Иначе таа анкетата за Македонски Словени (дали да се преименува во Македонци, тоа се наоѓа овде и веќе е завршена. Во принцип, не известивме никого бидејќи: 1. Можеа да учествуваат само луѓе кои имаат минимум 50 edits до 11 јуни на англиската Википедија и 2. бидејќи сакавме да ја делегитимизираме самата анкета, бидејќи стана полна со грчки POVа, и кога беше потребно помош да не не надгласаат и така да "победат" се обративме до српската Википедија која пренесе до сите блиски Википедии и "израмнивме". Во принцип, можевме и да "победиме" ако им кажевме и на Турците, ама тоа не е поентата на Википедија - тоа би донесло само "победа" на краток рок. Админите на англиската Википедија, ја увидоа својата грешка и сфатија дека Грците имаат нерационален проблем, и веројатно ќе го сменат името на статијата од Македонски Словени во Македонци (народ) или нешто слично. Се надевам дека тоа ќе го направат што е можно побрзо, а ако не, ќе повикаме на галама на самата статија. Ако се организира уште еден poll сигурно би "победиле", само јас после тоа би се откажал од самата Википедија, бидејќи гласањето по етничка линија ми нема никаква смисла. Тоа е тоа, поздрав. --FlavrSavr 22:35, 27 Jun 2005 (UTC)

За моите статии[уреди извор]

Здраво Glisha! Ги прифаќам добронамерните критики во врска со моите статии. Веднаш тргнувам да ги средам. :) Чао! -- DeeJay 15:25, 30 Jun 2005 (UTC)


гну гпл[уреди извор]

Здраво Глишо; ајде ѕирни ја статијата на гну гпл - има два параграфа на крај на кои може им треба исправка. Аку е се во ред, онда ќе барам од администраторите да ја заклучат. Овие дена ќе почнам со превод на гну фдл, па до каде втасам... Поздрав, SkiSki

Ѕирнав, поправив нешто, имаше зборчиња како „ова - оваа“, „аку - ако“ и уште нешто ама според мене во ред е. :)
Може да ја оставиш уште некој период да се крчка може некој ќе намине попаметен од тие што до сега ја преведувале и ќе даде подобри идеи, немора да ја заклучуваш, но како сакаш. :) --Glisha 11:49, 28 July 2005 (UTC)
Колку знам, администраторите се на годишен одмор, па таа ќе крчка сакала-неќела уште некое време. Фала и поздрав! --SkiSki 08:57, 29 July 2005 (UTC)
Администраторите завршија со годишниот одмор и се тука спремни за работа :). Ја видов статијата и делува ок, мада не ми е јасно зошто би ја заштитил. Ако почне накакво вандализирање, тогаш ќе интервенираме. --Misos 14:08, 31 Јули 2005 (UTC)
Ми се чини оти ФСФ бара да фајловите бидат „фиксирани“ за да они на својата страница дадат линк према нашата и не сакаат вики пејџови (ќе проверам). Во случај да [1] сака да ја превземе и накачи кај нејзе за стално, тоа би било уште најсупер - онда нека остане викито за предлози за подобрување. Да ли знаеш некого во слободенсофтвер.орг.мк? Јас ги знам во ФСФ па ќе ги гњавам да не внесат овде [2]. Поздрав, --SkiSki 15:53, 2 Август 2005 (UTC)
Знам, Глиша :) --Misos 17:33, 2 Август 2005 (UTC)
Ја ставив на [3], го исчистив хтмл-то што го дава Википедијава малку и најгоре додадов една реченица дека преводот е направен на Википедија. Сите забелешки, ако мислиш дека треба да биде на друго место или било што се добредојдени.
А што правиме со големите букви на насловот? И јас се согласувам дека треба насловот и самата страна да се викаат „ГНУ Општа јавна лиценца“ за разлика од „ГНУ Општа Јавна Лиценца“--212.13.67.131 19:06, 2 Август 2005 (UTC)
Ќе направиме еден Redirecт на насловот со мали букви. Понатаму, дали тој треба да биде
„ГНУ Општа јавна...“ или
„ГНУ Општата јавна...“?
Поздрав, --SkiSki 14:38, 3 Август 2005 (UTC)
Еден мал предлог за [4]: ајде да се прошири
<title>ГНУ Општа јавна лиценца</title> на
<title>ГНУ Општа јавна лиценца - GNU GPL Macedonian</title>
ми се чини ќе фати повеќе промет. Што мислите? --SkiSki 14:59, 3 Август 2005 (UTC)
Кај ФСФ линкот е жив овде http://www.gnu.org/licenses/translations.html. Поздрав --SkiSki 19:14, 5 Август 2005 (UTC)
И се разбира прва врска кога ќе побараш на Гугл одма ја дава, до пред неколку дена беше вики статија,та сега таа е втора. Браво SkiSki инаку за преводот. :) --Glisha 10:23, 9 Август 2005 (UTC)

Здраво, и нешто за остриот јазик[уреди извор]

Еј здраво, првин да се извинам што ме нема толку долго време, бев на годишен одмор. Забележав дека си направил реверт на статијата за Македонци и тоа е супер, се сложувам со тебе, само те молам не користи фрази како "српски идиот" колку и да си изнервиран, навистина нема потреба од меѓунационални навреди. "Идиотот" ќе биде блокиран ако продолжи со тоа што го направил. Се надевам нема ова да го сфатиш како солење на памет, едноставно сакам да се избегнат непотребни караници - ако има проблем со вандали од било каква националност (и македонска) ќе се реши тоа на цивилизиран начин. --FlavrSavr 18:29, 3 Август 2005 (UTC)

Не беше генерализирана навреда беше стрикно за дотичниот, но во право си нема да се повтори, се извинувам! --Glisha 06:31, 4 Август 2005 (UTC)

Здраво, те молам јави ми се[уреди извор]

Здраво Глиша, ми треба контак со некој од слободен софтвер македонија - да ли Мисос рече ти си таму ангажиран? Те молам пиши ми на calovski2(at)yahoo.com што можеш побргу. SkiSki 09:14, 15 Февруари 2006 (UTC)