Разговор со корисник:Здравковски

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Места и целини во Украина[уреди извор]

Здраво. Драго ми е што некој прави попис за жртвите на овие несреќни случувања. Направив исправки во начинот на предавање на украинските поими на македонски, кои се пишуваат во голема мера согласно нивното руско предавање. Некои од оние што се водеа како региони беа области, а други реони. Региони како такви нема. Препорачувам да се проверува како гласат нашите статии за поимите пред да се пишуваат произволно (така, не е Франкивск, туку „Франковск“, не е Хмелницка, туку „Хмелничка“ и др. Доколку нема, втора најдобра варијанта е да се водите според руските (ќе погледате во јазичните верзии).

Да не се заборави, датумите се пишуваат во обликот „5 мај 1432“, без никакви точки и настанвки на бројките Кога е во реченица, по 1432 се додава „г.“ (но не и во загради, шалбони и други нереченични употреби). Така, би имале „На 2 август 1903 г. е кренато Илинденското востание“, но кога почнува статијата ќе биде без (во најпрвиот ред тука ќе видите во кој формат се почнува статија). Благодарам и среќно уредување! --Б. Јанкулоски (разговор) 14:00, 4 март 2014 (CET)[одговори]