Разговор:Цар Самоил/Архива 1
Articles in Wikipedia MUST be objective and neutral. This article is against Wikipedia rules!!! It is deeply nationalistic, xenophobic and humiliating to other nations. It needs to be edited.217.10.246.155 22:38, 22 Oct 2004 (UTC)
The article is full of shit.
This is a Bulgarian history and I dont see a connection with so called macedonians?!
Какви се тие приказни?
Ако така мешаме баби и жаби, може и Амстердам да биде македонистки. Ако некоj смета дека оваj текст е текст за енциклопедиjа, да каже.
Видите само: "Василиј II бил наречен "бугароубиец" поради тоа што терминот "бугари" (со мало "б") тогаш во Византија имал навредлива содржина за луѓе "варвари", кои, според византиските хроничари, биле под културното ниво на развиената и цивилизирана Византија".
Сега разбрав: бидеjќи и сите народи што живеели вон Византиjа византиjците ги сметали за варвари, мора и тие да се биле наречени Бугари - Руси, Печенеги, Муслиманските народи и т.н. Незнам дали самиот автор сфаќа дека примерот за тоа што во Босна некоj бил нарекуван "Бугарин" индиректно уште еднаш докажува дека во Македониjа тогаш живеели бугари: богомили - Македониjа - бугари (и во Западна Европа богомилите се биле наричани понекогаш Бугари).
А како тие со исперeните мозоци ќе ни го обjaснат Битолскиот натпис? И какви се тие историjски "извори" од "далечната" 1896? .............
Антон Кецкаров
И уште нешто за авторот на текстот (приказната) за цар Самоил:
Господине,
Што значи дека комитопулите jа "вознемируваа државата на Бугарите"? Незнам дали сам сфаќјаш дека го призна бугарскиот карактер на државата на цар Самоил.
Антон
This is by no means a neutral and objective article. It's just a bunch of text put together by an individual with questionable understanding of history --12.20.4.100 16:53, 24 Mar 2005 (UTC)
Стара верзија на Цар Самуил
[уреди извор]Цар Самуил (976-1014) е македонски цар, најзначаен заради отпорот што и го пружал на тогашна Византија, но и заради вниманието што му го посветил на духовниот живот. Охридската архиепископија тој ја подигнал на степен на Патријаршија, што било потврдено од страна на Светиот Вселенски Синод и од папата Гргур I (991-1002).
„ТОЈ беше воин, човек со железна волја, со голема храброст, неуморлив не попушташе пред ставот, пред уморот, или очајот, неисцрплив во итрости во војната, совршен стратег. Самоил можеше да најде достоен на себеси противник само во лицето на византискиот император Василиј II, кој беше еден од најголемите владетели, што некогаш го имаше византиската империја. Тој имаше нескршлива волја и поседуваше ретки воени дарби ..."
Со овие зборови се искажува видниот француски историчар Шлумбергер за двајцата колоса од средниот век, Самоил и Василиј Втори, кои ги поврзуваше силна омраза еден спрема друг. Тие беа проникнати од мислата, првиот да го сруши моќното византиско царство, а вториот да го ликвидира човекот што се обидува да ја разбие славната византиска империја.
И тие се пуштија во еден заемноуништувачки двобој кој траеше околу тиресет и четири години. Пак според Шлумбергер, четирите комитопули Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на словенскиот болјарин Никола биле вистински херои, пламени обновители на својата националност, која издишуваше. Тие се новите Макавееви од Стариот завет. Првите тројца браќа умреле од насилствена смрт: Давид бил убиен од Куцовласи меѓу Костурско и Преспа, Мојсеј паднал во нападот на Серес, а Арон, велат летописците, бил убиен од самиот Самоил, осомничен за шурување со Византијците на штета на востанието на комитопулите.
Како што се знае од историските извори, востанието на комитопулите започнало во 969 година против Византия и борбите не престанле се додека живеело и Самоиловото царство. Првите походи на Самоил имале успех, зашто византиските императори со елитните војски биле ангажирани во Мала Азија за ликвидирање на бунтот на Варда Склерос. „Самоил - пишува византискиот хроничар Скилица -зачудувачки иницијатор, кој не го сакаше спокојството, за кусо време стана господар на просторот од врвот на планината Пинд до полињата на Тесалија, од Драч дури до вратите на Цариград на исток. Речиси, сите земји на Империјата се наоѓаа во рацете на Самоил".
Центарот, јатката, срцето на силното царство на Самоил беше античката македонска земја, земјата на претходниците, на Александар Велики -вели друг еден автор. Столицата на царството често се менувала според условите на времто и настаните, не секогаш на тлото на денешна Република Македонија. Се смета дека за кусо време таа се наоѓала во Средец, древниот Меглен, потоа во Воден, во Преспа и најпосле во Охрид. Се вели дека најдолго престолнината се наоѓала во Преспа, сред убавото езеро на островот Ахил. Среде темносините води се издигнувал неговиот дворец и тука во ова волшебно место ги минуваше кусите мигови на одмор. Зашто Самоил, речиси, и не се одмораше постојано скитајќи по друмовите на своето пространо царсто, војувајки, или подготвувајки нови походи, неуморлив, буен и суроводлики што предизвикуваа восхит.
Навистина вели Шлумбергер во својата книга „Епопејата на Византија", Самоил требало да биде необичен човек, бидејќи тој можеше така брзо да го прошири своето владеење за сметка на тој колосален сосед, Византија до таква степен што да го постави во прашање дури и нејзиното постоење. Самоил умееше така брзо да направи од толпите селани и недисциплинирани планинци редовни армии, способни да се борат со успех против најелитните војски во тогашниот свет и да ги победува во редовни сраженија . . .".
Подемот на Самоил и неговото царување траело до 999 година. По оваа година среќата почнала да се обрнува во полза на неговиот смртен непријател Василиј Втори. Решителната и судбоносна битка се одиграла во 1014 година, кога Василиј II тргнал во поход на живот и смрт по долгите подготовки, еднаш за секогаш да сврши со Самоил. Македонската војска била распоредена во долината на Струмица на подножјето на Беласица. Воената среќа во прво време била на страната на Самоил, кој успеал да го одбие налетот на Византијците. Но, еден од полководците на Василиј успеал со искусен маневар да излезе зад грбот на Самоиловите војници и со тоа предизвикал паника во нивните редови. Тоа имало катастрофални последици. Петнаесет илјади војници на Самоил биле заробени.
Жестокиот император наредил да бидат ослепени и во таква состојба му ги испратил на Самуил, откако на секој стоти војник оставил по еден со едно око да ги води војниците. Предавајќи му ја војската на сина си Радомир, Самуил веројатно со намера да ја организира одбранта на царството во внатрешноста тргнал за Западна Македонија каде беа неговите престолнини Преспа и Охрид. Меѓутоа, кај Прилеп Самуил се сретнал со своите ослепени војници и до дното од својата душа погоден од страшната глетка, паднал во безсознание. Кога се освестил побарал вода. По неколку голтки тој потзатреперил и умрел во септември 1014 година. Во такви трагични околности заврши бурниот живот на тој гигант, наречен национален херој од перото на цитираниот еминентен франциски историчар Шлумбегер.
Многу верзии постојат околу потеклото на цар Самоил. Српскиот учен Владимир Петковиќ во трудот „Една хипотеза за цар Самоил" смета дека родителите на цар Самуил по потекло биле Персијанци од средината на персиски колонисти наречени Вардариоти, населени покрај реката Вардар во текот на IX век, за време на императорот Теофил. Притоа, истиот автор истакнува дека мајка му на Самуил Рипсимија, и браќата Давид, Мојсеј и Арон имале старозаветни имиња. Професорот Јордан Иванов, пак мисли дека цар Самуил е од аременско потекло од средината на аременските колонисти населени во Тракија за време на византискиот император Константин V. Истото го тврдел и арменскиот историчар Степна од Тарон. Вакво тврдење искажува и византологот Антољак.
Повеке историчари тврдат дека Самуил бил од бугарско потекло. Тие се повикуваат на Битолскиот натпис на цар Иван Владислав и на повеке податоци од страна на неприjателите на Самоил.
Има и некои историчари кои сметаат дека Самоиловиот род потекнувал од словенското племе од бугарската група Брсајаци, чии наследствѓн кнез бил Никола, таткото на Самуил и не случајно најдолго време престолнината на Самуиловото царство се наоѓала во брсјачките области Охрид и Преспа.
Хрватот Дворник кој во трудот „Животот на Св. Григор декаполитот и Македонските Словени во IX век" пишува дека Македонските Словени пред Самоил се викаат македонски Словени кои во ова време влегуваат во процесот на оформување како одделен народ. Српскиот учен Прокиќ, за да докаже дека Самоил не бил бугарски цар, царството на Самоил го наречува македонско царство, а Самоила цар на Македонците.
Да видиме што велат некои грчки историчари.
Еден од нив во трудот: ,,Патувања низ Грција, дел V, Македонија, стр. 33 пишува: „Македонија се наречува бугарска не заради етнолошки причини, туку затоа што Бугарите политички управувале со неа ..." Друг грчки автор во енциклопедијата „Илиос" во врска со Самоиловата држава вели дека таа била македонска држава, бидејки во неа живееле главно Македонци, додека само управувачите биле Бугари. Исто така и историчарот Костас Амандос во книгата „Северните соседи на Грција" зборува за македонска држава, во која биле инфилтрирани многу бугарски офицери".
Најубедлив од грчките историчари е некогашниот солунски универзитетски професор Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39, пишува покрај другото. „Додека во времето на Симеон не престанаа да се разликуваат Драговитите од Струмјаните и воопшто Склавините од Бугарите, од Самоил наваму името на Склавините наполно исчезна, а сите Македонски Словени од Византијците се наречени Бугари и земјата што ја владееше Самоил, значи Западна и Северна Македонија, е наречена Бугарија. На тој начин ние самите го дадовме името Бугарин на секого што зборува словенски".
На крајот Ке го споменеме и Карл Кадлец во „Увод во компаративното студирање на историјата на јавното право на словенските народи". Париз 1933, стр. 328, каде пишува дека Самоил се борел против бугарското господство во Македонија. „Македонските Словени-пишува Кадлец-ги исползуваа војните меѓу Бугарите, Русите и Византијците за да се одделат во посебна држава од Бугарите".
Заклучокот после сите наведени извори по прашањето: кој беше цар Самоил и какво беше неговото царство, лесно може да си го извлече добронамерниот читател.
Самоиловото Царство ги опфаќало не семо територии на античка Македонија од времето на Филип II Македонски!
Во руски "Словар" објавен во далечната 1896 година пишува дека комитопулот Никола и неговите синови кренале востание против Бугарија и дека потоа Бугарите биле избркани од Македонија која била прогласена како посебна држава.
Во овој текст ќе се потсетиме накратко на бурните настани што се одиграле во Македонија за време на македонското Самоилово Царство. Почетоците на ова царство се навестуваат уште со ослабнувањето на Првото бугарско Царство под чија окупација тогаш се наоѓала Македонија. Имено, по смртта на бугарскиот цар Симеон, на чело на бугарскиот престол доаѓа неговиот син Петар. Притоа не треба да не бунат христијанските имиња на овие бугарски цареви, па да ги поистоветуваме нив со тракиските Словени (Анти). И Симеон и Петар си биле етнички турко-монголски Бугари, а најголем доказ за ова е фактот што цар Симеон е роден син на кнез Борис, кој пак е роден син на турко-монголскиот бугарски хан Пресијан, кој на времето жестоко војувал со Словените (Венетите). Значи, независно од тоа што цар Симеон дал значаен придонес во распространувањето на т.н. старословенски јазик (кој јазик Бугарите во писмена форма го добиле од Македонија), тој си бил етнички Бугаро-азијат и неговото семејство било принудено допрва да учи да зборува на т.н. словенски јазик.
Значи Симеон е наследен од својот роден син, бугаро-азијатскиот цар Петар и во негово време Бугарија значително ослабнува. Во 963 година во Македонија се крева востание од комитопулот Никола и неговите синови Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, кои се отцепуваат од Бугарија. Во 968 година избувнува војна помеѓу киевска Русија и Бугарија. Рускиот кнез Свјатослав во истата година ја пустоши Бугарија, но бргу се повлекува поради нападот на Печенегите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите двајца синови Борис и Роман во Цариград. Но, во 969 година умира цар Петар, што доведува до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II за да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која бргу ја освојува бугарската престолнина Преслав. Несомнено дека Бугарија доживува пораз и поради нејзината ослабеност од претходното востание во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и истата е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарското царство е завземено од Византија.
На новата македонска држава прв владетел е комитопулот Никола, кој владее со оваа држава до 968 година. Од 968 до 977 на чело на државата е неговиот син Давид, но по неговата смрт, како и по смртта на Арон и Мојсеј, на чело на државата застанува Самоил. Но дали има потврди дека комитопулот Никола и неговите синови го кренале своето востание против Бугарите? Мнозина историчари сосема јасно го потврдуваат ова. Мислам дека ваквите сведоштва треба што повеäе да се експонираат во нашата поширока јавност. Така на пример, македонскиот историчар Васил Ивановски споменува една стара плоча најдена во Поречието, на која пишувало дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство!
Македонскиот историчар од Бугарија Ѓорѓи Радуле во својата книга Историја на Македонија (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава. Историчарот Марин Дринов пишува: Денешна Македонија се отцепи од царството на Петар и се формира како одделна држава на чело со Самоил. Значи, нема сомнение дека Самоил и неговите браќа со татко им го кренале своето востание во Македонија токму против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на нашата земја.
Подоцна, поради ова востание, Бугарија бргу пропаѓа под налетот на Византија. Во врска со Самоиловото царство ќе наведеме уште едно македонско детерминирање поврзано со него. Имено, во древната Зографска историја, за несогласувањата помеѓу братот на Самоил, Давид со останатите браќа пишува: Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир. Во еден претходен напис веќе спомнавме дека поетот Иван Кириотес уште во тоа време ги споменува Македонците како жители на Самоиловото Царство, а Дукљанскиот презвитер Самоил го нарекува како македонски цар!
Но да се вратиме на хронологијата. Натамошните настани зборуваат дека царот Самоил ја проширува Македонија и таа завзема поголем простор од Балканот. Според историчарот Радуле границите на Самоиловата држава во голема мера се поклопуваат со границите на античка Македонија од времето на Филип II. Самоил во Преспа создава силен религиозен центар, кој подоцна е преместен во новата престолнина Охрид. Тоа е познатата Охридска архиепископија (која според некои историчари тогаш била на ранг на Патријаршија). Нејзин прв поглавар бил Герман, а името на вториот поглавар е Филип. Официјално писмо во Самоиловото царство е кирилицата. Самиот Самоил бил крунисан со благослов на папата Григориј В... Со крунисувањето Самоил стекнал меѓународно признавање. Според други тој ја наследил бугарската круна, која претходна била доделена од Византија на Бугарите. Сепак, ако Самоил бил етнички Бугарин, припадник на турко-монголските Бугари, кои дотогаш владееле со Бугарија, тој својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).
Историјата зборува за жестоки борби помеѓу Самоил и Василиј II "бугароубиецот". Световната наука го користи прекарот на Василиј за да тврди дека во Македонија тогаш живееле етнички Бугари, но колку е таквото тврдење бесмислено ќе покажеме со следните факти.
Како прво Самоиловото Царство рековме дека опфаќало поголем простор од Балканскиот Полуостров. Следствено, во неговата војска имало припадници и на други народи кои влегувале во состав на неговото Царство. Па зарем сите тие биле етнички "Бугари", штом се биеле и гинеле во борбите против Василиј "бугароубиецот"? Секако дека е бесмислено и да се претпостави такво нешто, посебно ако се знае дека во тоа време под поимот "Бугари" во етничка смисла на зборот се уште се подразбирале само турко-монголските Бугари, кои немале никаква врска со Самоиловото Царство, освен што во него живееле како обични поданици и кои немале никаква етничка врска со населението во Македонија.
Како второ, Василиј II бил наречен "бугароубиец" поради тоа што терминот "бугари" (со мало "б") тогаш во Византија имал навредлива содржина за луѓе "варвари", кои, според византиските хроничари, биле под културното ниво на развиената и цивилизирана Византија. Затоа така биле наречени сите жители на Самоиловото Царство без разлика на нивната етничка припадност. Доказ за ова е и фактот што како "вулгари" или "бугари" (со мало "б", што значи - варвари) од страна на византиските хроничари биле наречени дури и словенското население во Босна, иако тие живееле вон границите на Бугарија. Значи, според нив, и сите Словени биле "бугари", т.е. варвари и простаци штом живееле вон цивилизирана Византија. Значи терминот Бугари не секогаш се употребувал како етноним и не секогаш се употребувал во позитивна смисла, барем не од страна на византиските хроничари од времето на Самоиловото царство.
Од „Историјата“ на Јован Скилица *)
А Петар, царот на Бугарите, наскоро по смртта на својата жена ( Марија Лакапин, која наследила огромно богатство во Цариград ), за да го обнови мирот, склучи сојуз со царевите и ги даде како заложници сопствените два сина Борис и Роман. Малку потоа умре, а неговите синови беа испратени во Бугарија за да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите понатаму да напредуваат . Имено Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на еден од оние комити кои во Бугарија можеа многу да сторат, сонуваа за востание и ја вознемируваа државата на Бугарите **) . И вака тоа се случи.
Georgii Cedreni Compendium historiarum, cui subjistiur excerpta ex breviario Joannis Scylitzae Curopalatae, - Patrologiae cursus completus. Series Graeca. Ed. J. P. Migne. T. 122. Paris 1899, p.81.
- ) Јован Скилица во своето историско дело „Историјата“ претставува главен извор за историјата на Самуиловата држава. Скилица живеел во втората половина на XI век, а неговата хроника е напишана кон крајот на XI век и го опфаќа периодот од 811 до 1057 или 1078/79 година. Од оригиналниот текст на хрониката се зачувани повеќе ракописа, но хрониката до денес (1981) не е публикувана. Од Скилицовата хроника може да се види, меѓу другото, како се развивале двете востанија на комитопулите (во 969 и 976 година)
- ) Со други зборови, овие комитопули се побуниле против бугарската централна власт и се одметнале, како што тоа го вели и Скилица.
Кога Јован Скилица зборува во својот Synopsis Historion за битката на Беласица ,тој тоа го пишувал во периодот меѓу 1079 и 1096,некои 80 год подоцна од спомнатата случка. Скилица зборува за 15000 ослепени бугарски војници ,а во своите описи за самата случка често употребувајќи ги зборовите "се зборува " и "велат тие "на повеќе пати. Овој е земено како показател дека Скилица ја базирал својата приказна на гласини и легенди во времето кое било 80-тина год. отпосле . Не постои никаков помен на таа случка -ослепувањето на 15.000 луѓе од современиците на Василие II Според ,пак американскиот историчар Stepherson,овој мит за Василие II,бил конструиран од страна на Грците за да поттикне енергијата и патриотизмот меѓу нив .Легендата за Василие " Voulgarotoktonos"е дадена за некои 100 год. подоцна од случувањето на настанот. За прв пат Василие бил наречен "Voulgarotoktonos во почетокот на 14 век и тоа од страна на хроничарот и тоа од страна на историчарот Ephraem (Ephraem Aenii historia chronica, str 109)." ---завршен цитат Интересно е да се провери колку е ова точно ,а ако е точно тогаш имаме насока во поместување на временскиот период на постанокот на изразите "Voulgarotoktonos" изведеното "Vulgaros“.во времето што допрва следувало ,времето од неколку декади и/или векови подоцна ,од пропаѓањето на царството на Самоил.
Линкови
Натпис врз плочата на цар Иван Владислав (http://www.geocities.com/mac_truth/secrets/vladislav.html)
Од Дукљанскиот летопис /XII век/ (http://www.geocities.com/mac_truth/secrets/dukljanski.html#pope)