Разговор:Функција (математичко образование)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Почетна верзија 13.06.2013[уреди извор]

Јасно е дека стилот на пишување на статијата треба да се менува. Меѓутоа, и во англиската википедија за овој поим има разни страници и приговори на истите, веројатно поради тоа што поимот е многу апстрактен. Но, во моето мислење, најголемиот проблем со статиите за математиката е дека се пишани од математичари за математичари. Претпоставувам дека целта на енциклопедија е да се објаснуваат поими така да "тој што не знае ќе научи" и со таа намера ја создадов страницата на најосновно ниво со најобични зборови и примери, со надеж дека би му помагал (на пример) на родител, кој секако најпрво гледајќи во википедија за помош, ќе сфати доволно за да го охрабри свое дете при неговата прва средба со овој поим во математчко образование. Се разбира дека секое подобрување на страницата во таа намера е добродојдено. Lfahlberg (разговор) 00:13, 14 јуни 2013 (CEST)[одговори]