Разговор со корисник:Lfahlberg

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, Lfahlberg, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --M4r51n (разговор) 22:21, 12 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Здраво. Браво за вашата желба за помош на македонската википедија. Како што забележав повеќе пати сте ја уредувале статијата Функција, сакам да ви напоменам дека на Википедија во текстовите не користиме бои. Поздрав --M4r51n (разговор) 22:21, 12 јуни 2013 (CEST)[одговори]

{{помош}} Здраво. Ве молам отворете ги страните кои ги споменете горе - на пример: Петте столба на Википедија, па потоа Почетен курс форматирање и видете дека текстот е во боја. Ова навистина не разбирам. Поздрав (Фала за информации за тилдите.) Lfahlberg (разговор) 23:18, 12 јуни 2013 (CEST)[одговори]

ПС. Од друга страна, би разбрала да ми пишете за јазична редакција. Имам колега за тоа, но без да бидат прифатен измените, таа не може да ја чита страната... Lfahlberg (разговор) 00:52, 13 јуни 2013 (CEST)[одговори]
Објаснување на англиски јазик --M4r51n (разговор) 02:06, 13 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Уредничка награда!
Да ви се заблагодарам за честите уредувања од областа на математиката. Вашиот ентузијазам и вложениот труд се за највисоко одликување. Вик Ретлхед (разговор) 11:33, 3 јули 2013 (CEST)[одговори]
Фала. Јас моментално и во наредните 2-3 недели сум на пат, па потоа повторно продолжувам. Исто така разбрав дека наскоро ќе има визуелен уредник на википедија, па потоа имам колеги кои ќе вршат јазична редакција. Поздрав. Lfahlberg (разговор) 02:54, 8 јули 2013 (CEST)[одговори]

Конкурс за фотографија[уреди извор]

Здраво Линда, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:42, 2 август 2013 (CEST)[одговори]

Линеарна равенка[уреди извор]

Здраво. Единствената промена којашто ја направив во статијата беше членување на именката математика во првата реченица од статијата (видете овде). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 25 октомври 2013 (CEST)[одговори]

Типови на страници - речници[уреди извор]

Може да има кратки страници доколку ги задоволуваат критериумите за Википедија: Никулец односно en:Wikipedia:Stub. --brest (разговор) 21:30, 5 ноември 2013 (CET)[одговори]

фала за одговор. ќе размислам околу ова. поздрав Lfahlberg (разговор) 21:36, 5 ноември 2013 (CET)[одговори]
BTW забележав дека одлично владеете со техниката на уредување на вики страниците. Посебно ме фасцинира содржината на сајтот http://www.emathforall.com/ на кој му се восхитувам и радувам. --brest (разговор) 21:54, 5 ноември 2013 (CET)[одговори]
Повторно фала! Таму си средив да имам многу можности и релативно сум задоволна од хитовите. Меѓутоа, википедија многу повеќе се користи од страна на ученици и студенти па затоа се обидувам барем дел од информациите да ги префрлам таму.Lfahlberg (разговор) 15:36, 6 ноември 2013 (CET)[одговори]

Здраво. Ако сакате да имате пробна страница, таа треба да биде дел од вашиот кориснички простор, а не од именскиот, Односно, треба да ја користите оваа, а не таа што ја избришав. Таа пак ќе ја избишам зошто се смета за статија, а не е статија. Отвори го песокот кој ти го напишав тука. Поздрав--Никола Стоіаноски 12:09, 1 декември 2013 (CET)[одговори]

Можам да ти го вратам текстот ако ти треба, тој што бил напишан во страницата која ја избришав. Не е дозволено такви страници да стојат, а и искрено мислев е вандализам.--Никола Стоіаноски 12:50, 1 декември 2013 (CET)[одговори]
Патем, го чистам овој список и таму се појави твојата потстраница, како статија на Википедија.--Никола Стоіаноски 12:52, 1 декември 2013 (CET)[одговори]
Сега потполно се разбравме (и го решивме проблемот) :) Lfahlberg (разговор) 12:54, 1 декември 2013 (CET)[одговори]

Меѓујазични врски[уреди извор]

Здраво. Секоја чест за вашите напори кон подобрување на содржините на Википедија во областа на математиката. Би сакал само да ви напоменам да не заборавате да ги поврзете вашите статии со останатите јазични изданија преку врската која се наоѓа од левата страна под името „додај врски“. Одберете јазик и подоцна впишете го името на страницата на друго јазично издание во прозорецот што ќе ви се отвори. Не е толку голем проблем понекогаш да заборавите, но поради тоа што вашите теми се стручни, искрено не би знаел јас да го направам секогаш тоа за вас. Поздрав и пријатна работа --Ehrlich91 (разговор) 00:28, 10 јануари 2014 (CET)[одговори]

Здраво. Има два "проблеми". Заборавам (слободно поправи), а и во ен википедија доста се расправиме помеѓу -како да кажам- математичарите како мене кои мислат дека енциклопедија е за сите и треба подглавијата на статиите да се пишат почнувајќи од почетно ниво, па да има обопштувања и математичари кои сакаат се да е на високо формално ниво дури и без примери, слики, итн. па на крајот статиите не одговараат иако започнувале како "превод". Неможете да верувате колку расправи имаме за (на пример) "линеарна равенка" :).
како што стално пишувам, слободно кажете или поправете (особено јазични грешки). ако некоја слика не разбирате, пишете. доколку можам јас пак да влезам и да правам измени и дополнувања кои веднаш се прифаќаат, јас тоа би Ве замолиле на сите. Многу е тешко да се пише математика на човечки ниво, па се греши и на било кој јазик. меѓутоа, мислам дека тоа е неопходно.Lfahlberg (разговор) 07:25, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]
Проблемот е што понекогаш воопшто не знам како да ја поврзам статијата, односно не го знам името на друг јазик, бидејќи сепак се работи за стручна тема, иако математиката си ја сакам како наука. Ако се случи да наидам на вакви статии, ќе ве известам :) --Ehrlich91 (разговор) 19:49, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]

Голем поздрав за работата и благодарност за Вашата посветеност, професорке. Би сакал да напоменам дека се држиме строго до македонските поими. Кај нас веќе повеќе години е утврден зборот „врска“ наместо исфрлениот поим „линк“, кој не значи ништо на македонски, туку е непосредно и несоодветно земен од англискиот. Знам дека така не се прави на други места, но тоа не е наша работа (да беше наша, јазикот ќе беше денес подобар). Затоа, заглавието на крајот секогаш мора да гласи „Надворешни врски“. Уште еднаш, благодарам за трудот. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:36, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]

Нема проблем. Имав така (со зборот врски), па некој читач ми рече обратно и ги сменав. Ќе ги средам. Две поврзани прашања. Прво, како мислиме за поими како Геогебра, Скреч, ХТМЛ, бејзик, Ворд, ворд, ексел, микрософт, латех... и во врска со кирилица и во врска со големи и мали букви? Јас упорно пишам кирилица ... особено од што сметам дека се работи за образование и со помали деца ... Второ, дали има некаде место каде што можеме да направиме списоци да се консултираме за преводи за термини "работна лента", "јазиче", ... односно да се договориме. Купив неколку мк речници за ИКТ поими, но сите се различни ... За математичките поими колку што можам се консултирам со колегите, но тоа е проблем секаде на сите јазици :) Поздрав! Lfahlberg (разговор) 06:50, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]
пс (ах, жена сум-секогаш има пс). никако не може кирилица во латех-от, т.е. внатре во матаматичките изрази дури и со \text . Не пасира. Имате идеја каде да пишам за да се поправи тоа? без тоа има големи проблеми со правилно подредување на разните прелистувачи (на пример во единична кружница) ми се шири блокот со формулата бидејќи го додадов зборот "односно" и лошо личи на таблета. ќе пишам и на ен википедија само не знаев дали е наш проблем на мк википедија или е кириличен проблем. повторно поздрав. Lfahlberg (разговор) 07:38, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]
Колку што знам, проблемот е во кирилицата, многу пати го имам сретнато проблеми, а и самиот имам наидено на истиот при обработка на теми од економијата. Навистина не знам каде би можеле да се обратиме, можеме останативе знаат. --Ehrlich91 (разговор) 19:46, 11 јануари 2014 (CET)[одговори]

Коментар  Сите оние нешта кои се имиња на програми и слично нека стојат во оригинал, на латиница. Остатокот не треба да стои на латиница, и особено треб ада се внимава да се македонски поими. Латексот не прима, тоа е точно, и жално е што не прима, па ќе мора описниот дел на стои на латиница. Тоа е проблем што го имаат сите такви математички јазици и не знам дали набргу ќе го решаат. Сигурен сум дека се запознаени со проблемот, барем преку Русите. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:03, 12 јануари 2014 (CET)[одговори]

Коментар  Фала за одговор околу прашањата! Од вчера, разговарам со русиите - како што ги разбрав, тие мислат дека е проблем со MathJax, но јас без проблеми на сите мои вики (wikispaces, pmwiki, geogebratube, ...) и каде што сама инсталирав и каде што европјани програмери работат, MathJax нема проблеми со кирилица (малку со големина и со боиите), а каде што американците го средат системот има (скреч, sage, ...). Веројатно е поврзано и проблемот и со HTML5, но тоа е доста битно за мобилните уреди. Ќе продолжам со истрага :) Lfahlberg (разговор) 16:58, 12 јануари 2014 (CET)[одговори]

Здраво. Се консултирав со активен физичар што работи на нашево вики и заклучокот е дека опит е било кој experiment, додека пак за trial користиме „проба“. Така се решава проблемот. Во статистика важи истото, иако претежно е „испробување“. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:35, 12 август 2014 (CEST)[одговори]


Фала за брзиот одговор! Како што разбирам од ова:

Bernoulli trial = Бернулиева проба

Binomial experiment = Биномен опит

Empirical experiment = Емпириско испробување

со што :

Биномна распределба B(n, p ), n∈ℕ, p∈(0,1) е дискретен случаен опит во веројатностa и статистиката, во кој се повторува n пати Бернулиева пропба со веројатностa на успех p запишувајќи го бројот k на успеси во n-тите повторувања. [1]...

Ќе се консултирам за зачленувањето во оваа реченица пред да го истакнам на википедија (веднаш ги менувам моите сопствени страни и предавања).
Планирам да го вратам зборот „е“ наместо долгата црта (која наводно според водичот за математиката во википедија треба да се користи само за операцијата одземање и за термини како x-оската, y-пресек,...)

Поздрав! Lfahlberg (разговор) 17:07, 14 август 2014 (CEST)[одговори]

Мислам дека најдоброто решение ќе биде да се водите според тоа што веќе го практикувате, за да нема понатамошни забуни. Знам дека некои изрази се користат непотребно странски кога треба македонски, ама во вакви случаи (и оние кои Вие ќе ги мислите погодни), можете да оценувате како треба и да користите онака како што е најчесто.

Воедно би ценел доколку проверите е-пошта, бидејќи таму Ви имам пишано еден предлог во врска со работата. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 18:01, 29 ноември 2014 (CET)[одговори]

Уредувачки маратон[уреди извор]

Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:45, 30 ноември 2014 (CET)[одговори]