Разговор:Митрој Крсти

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Селишчев и Мишев[уреди извор]

Го молам корисникот @Македонец: да објасни зошто континуирано брише релевантни информации поддржани од извори.--Simin (разговор) 19:13, 26 септември 2019 (CEST)[одговори]

Информациите не се бришат, особено нивните бројки кои се значајни ги прикажуваме, но со толкување од македонска гледна точка, бидејќи луѓето кои живееле и живеат во Митрој Крсти, а и нивните денешни потомци се Македонци и е помалку релевантно дали некој бугарски/српски/странски статистичар ги запишал во некој извор како Бугари/Срби/било какви, зашто јас сум сигурен дека ниту еден жител на Митрој Крсти во 1900, 1905 и 1920 на К’нчов, Бранков и Селишчев лично не им кажал дека се изјаснува како Бугарин, особено бидејќи селото било под црковно-духовно владение на Патријаршијата и неговите жители, а дел и денешни потомци и денес се „за Србија“ и „србомански настроени“, така што сигурно тие на К’нчов, Мишев, Бранков и Селишчев немало да им кажат дека се Бугари туку можеби би им кажале дека се Срби, што ќе рече дека тие произволно односно според нивните лични уврерувања ги запишале како Бугари, а не според тоа како навистина се сметале себеси жителите или пак какви е нивната вистинска етничка припадност. Тие се Македонци и ќе бидат претставувани како такви, а секој странски извор колку и да е релевантен, доколку не ги истакнува како Македонци, ќе биде дообјаснет како што е тоа случај со првата реченица во статијата за податоците на Васил К’нчов каде е запишано дека тие се Македонци, од него запишани како Бугари. Вашиот бугарски дискурс секогаш е ригиден во однос на нас Македонците, бранејќи ги вашите бугарски национални гледишта и интереси преку ваши толкување, па не гледам зошто тоа да не го правиме и ние да не го истакнуваме македонското гледиште и толкувања. - 10:27, 27 септември 2019 (CEST)
"Толкување од македонска гледна точка"?!? Мислев дека во Википедиjа беше важна неутралната гледна точка. Ако некој автор напишал нешто, не можете да го негирате фактот и доколку вие сте сигурен во нешто не е толку важно, ако она за што сте сигурен не е во согласност со правилата на Википедија.
Вашите активности во страницата не се во согласност со она што го пишувате овде. Напишавте "...а секој странски извор колку и да е релевантен, доколку не ги истакнува како Македонци, ќе биде дообјаснет како што е тоа случај со првата реченица во статијата за податоците на Васил К’нчов", а во станицата не се обидувате да дообјасните, туку едноставно бришете. Вандалски, без објаснување. --Simin (разговор) 23:26, 27 септември 2019 (CEST)[одговори]