Разговор:Маргита Кон-Поповска

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Значајност за енциклопедиска содржина[уреди извор]

За ова веќе мислам дека се има разговарано, но еве уште еднаш. Која е значајноста на Маргита Кон-Поповска, па да има статија за неа на Википедија. Не е само оваа статија, туку има уште неколку. Согласни бевме кога се одлучивме да уредиме статии за сите македнски писатели, иако некои воопшто не се афирмирани, но сепак за универзитетски професор статија на Википедија, мислам дека е проблематично. Да беше збор за прв ректор, прв декан, вршител на општестеван должност, тогаш е јасно зошто да. Пред некој месец ги избришавме сите празни статии за наставниот кадар на ПМФ и некои коишто воопшто немаа смисла. Ако почнеме вака да уредуваме статии за наставните кадри по факултетите, мислам дека воопшто нема да го подобриме квалитетот на Википедија на македнски јазик. Има многу поважни статии од овие штон треба да ги има, а ги нема. Споредбата со другите јазични изданија е излишна, бидејќи таму границата за значајност е на многу ниско ниво, бидејќи голем дел од потребните статии ги има.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:39, 16 ноември 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:54, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]