Маргита Кон-Поповска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Маргита Владиславова Кон-Поповска (Битола, 23 ноември 1948) е македонски информатичар и редовен професор од 1998 година на ПМФ[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Кон-Поповска е родена на 23 ноември 1948 година во Битола. Основно и гимназиско образование оформи­ла во Риека, Хрватска. Дипломирала во 1972 година на Отсекот за техничка математика при ПМФ во Љубљана, магистрирала во 1975 на Економскиот факултет во Љубљана, каде што и докторирала во 1992 година со темата „Enoparametarsko zvezno linearno programiranje, teoretični in algoritemski pristop“. Главна научна преокупација ѝ е параметарското линеарно програмирање. Раководела голем број стручни проекти и апликации и е шеф на Институтот за информатика во два наврата од 1993 до 1995 и од 2005 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. БУ бр. 706/98 и 588/93
  2. ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006

Надворешни врски[уреди | уреди извор]