Разговор:Каролина Гочева

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Епа може ли толкова малка статия за Каролина Гочева ?!?

Во българската версия е 3 пъти по-голема!--212.25.63.69 06:23, 23 октомври 2007 (UTC)Mars

Епа, ако сметаш дека бугарската е поголема и ако толку многу те погодува тоа, ајде ти ја прошири повеќе македонската--Астрион 21:43, 29 ноември 2007 (UTC)
Няма значение големината, а качеството. Мисля, че и в двете уикипедии трябва да има повече информация за тази наистина много талантлива певица. Поздрави, --Брков 07:07, 29 јануари 2008 (UTC)

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска поп пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.[1][2] Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други. [уреди]Евровизија 2002

Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контроверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија се претставувала на македонски и немала некој добар пласман. За разлика од неа, во МТВ биле убедени дека треба да се пее на македонски, и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски, на Евровизија 2002 да настапи второпласираната Андријана Јаневска. На крајот, Каролина сепак прифаќа да пее на македонски. Во Талин Каролина се пласира на 19 место, недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија. [уреди]2003-2007

Во 2003 година го издава албумот „Зошто сонот има крај“. На тој албум се јавуваат повеќе композиции од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“ со која настапува на Будва Фест 2003. На овој алубм горенаведените три песни се испеани и на англиски. Во 2010 година го издаде својот 9 албум Капка под небото, што донесе нов спектакуларен хит Не се вракаш, на кого учествува Влатко Стефановски.Со што песната доби и свој видео запис.