Разговор:Историја на Данска

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Каде се доказите за Келти во Данска?[уреди извор]

Во верзијата на статијата од 2022-08-24 се вели дека пред да дојдат Скандинавците, Данска била заселена од Келти. Кога је појавуваат најпрвите докази за етничка припадност на народите на Данска (Кимбри и Тевтонци) 113 пр.н.е., тие се веќе представници на германојазични народи. Железната доба во Данска се дели во периодите старо, односно праримско железно доба (500-100 пр.н.е.), римско железно доба (100-400 пр.н.е.) и германско железно доба (400-793 пр.н.е.). Друг назив за старото, одн. праримското железно доба е "келтска". Се вика така, бидејки орнаментиката на предмети најдени од тој период имаат келтски мотиви или се под келтска инспирација низ цела Северна Европа (Северна Германија, Низоземска, Данска, Јужни Шведска и Норвешка). Јасно е дека стилот води потекло од Халштатската култура во сегашна Австрија, која беспорно била келтска. Во скандинавската археологија односно историјографија не се споменува, дека Келтите биле заселени на север од Елба (јужмата граница на Јуландскиот полуостров). Затоа сакам да бидат претставени докази за етничката припадност на жителите како Келти на територијата на Данска. Erikthau (разговор) 16:12, 24 август 2022 (CEST)[одговори]

@Erikthau Најдобро е да се побара мислење од првиот корисник кој ја напишал статијата за тоа од каде му се тие тврдења. --Ehrlich91 (разговор) 12:21, 25 август 2022 (CEST)[одговори]