Радиометар
Радиометар — уред наменет за мерење на текот (флуксот или моќта) на електромагнетното зрачење. Обично под „радиометар“ се подразбира уред за востановување на присуството на инфрацрвено зрачење, но сепак ова може да значи и уред што работи на сите електромагнетни бранови должини. Чест пример за ваков уред е Круксовиот радиометар - рана варијанта на уредот, каде роторот (со темни и светли перки) е сместен во делумен вакуум и се врти кога е изложен на светлина.
Николсовиот радиометар работи на поинаков начин и е поосетлив од Круксовиот.
Микробрановиот радиометар работи на микробранови должини. Овој радиометар содржи аргон, што му овозможува да се врти.
МЕМС-радиометарот е изум на Патрик Јанковјак, и може да работи и на Николсовиот и на Круксовиот принцип, и тоа во широк дијапазон на бранови должини и енергетски нивоа на честичките.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ МЕМС-радиометар - Патент на САД 7.495.199 Архивирано на 5 март 2018 г. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|