РК Младост Богданци
- Не го поистоветувајте со клубот Младост 09.
| РК Младост 1977 | |||
|---|---|---|---|
| Целосен назив | Ракометен Клуб Младост 1977 | ||
| Основан | 1977 | ||
| Игралиште | Спортска сала Млаз | ||
| Приемност | 1,000 | ||
| Главен тренер | Горан Андоновски | ||
| Лига | Прва лига на Македонија | ||
| 2024/25 | 4. место (Плеј-оф) | ||
| Бои | |||
| Клупски бои | |||
| Дресови | |||
| Мреж. место Матична страница | |||
РК Младост 1977 — ракометен клуб од Богданци, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.
Историја
[уреди | уреди извор]Ракометниот клуб Младост 1977 е основан на 26 август 1977 година.
Клубот бил поразен во финалето од купот на Македонија во 1996 година од Пелистер Еврокар.
Во сезоната 1996/97, Младост стигнал до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите во кое бил поразен од францускиот клуб Иври. На патот до четвртфиналето, Младост го елиминирал црногорскиот Морнар Бар во првото коло, надокнадувајќи го поразот на гостински терен од 13 гола разлика со победа од 13 гола разлика (29-16) на возвратниот натпревар во Богданци. Во осминафиналето, Младост бил подобар од романскиот клуб Фибрекс, со вкупен резултат 55-49.
Во јули 2018 година, клубот го сменил своето име од Академија Младост во Младост Богданци.[1] Во средината на август 2020 година, се преобразил во акционерско друштво и притоа го сменил називот во Младост 1977 А.Д.[2]
Моментален состав
[уреди | уреди извор]- Состав за сезоната 2025–26
|
|
Стручен штаб
[уреди | уреди извор]| Позиција | Име |
|---|---|
| Главен тренер | |
| Помошник тренер |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Академија Младост стана РК Младост Богданци“. g-sport.mk преку web.archive.org. 18 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2018-11-18. Посетено на 23 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Младост Богданци под ново име ќе игра во Суперлигата“. gol.mk преку web.archive.org. 14 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 15 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)