Пшчински замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пшчински замок
Park zamkowy w Pszczynie
Црква на мирот во Швидњица
Основни податоци
МестоПшчина, Полска
Осветен13 година
Архитектонски опис
Завршен18-19 век
Глетка од градината во Пшчинскиот замок

Пшчински замок (полски: Zamek w Pszczynie) — замок во градот Пшчина во југозападна Полска. Изграден е како замок најдоцна во 13. век во готски стил, а бил обновен во ренесансен стил во 17. век. Во текот на 18. и 19. век, надворешноста на замокот била делумно изменета во барокно-класичен стил. Класицистичката модернизација го преобразила комплексот во она што вообичаено се опишува како палата.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, замокот бил престолнина на шлески и полски пјастички благородници, членови на семејството Промниц (од средината на 16. до средината на 18. век), а подоцна и на семејството фон Плес. Замокот е во државна сопственост од 1936 година по смртта на последниот плески принц Ханс Хајнрих XV. Во 1946 година, тој бил претворен во музеј и како таков опстојува и денес.

Во 2009 година, замокот бил изгласан како еден од „седумте архитектонски чуда на шлеско војводство“ од страна на шлеските власти и често се опишува како еден од најубавите замоци во Полска.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Mateusz Mayer: Ein Château für den schlesischen Fürsten. Zur französischen Umgestaltung von Schloss Pless in den Jahren 1870-1876. W: Jahrbuch des Bundesinstituts für Kultur und Geschichte der Deutschen im östlichen Europa, vol. 21 (Oldenburg 2013), 215-242.