Пурпурен бакарец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пурпурен бакарец
Lycaena alciphron2.jpg
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Lycaena
Вид: L. alciphron
Биномен назив
Lycaena alciphron
(Rottemburg, 1775)

Пурпурниот бакарец (Lycaena alciphron) е пеперутка од видот на пеперутки бакарци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Оваа пеперутка покажува физички разлики помеѓу машки и женски пол. Горната страна на крилјата кај женките е портокалова со кафени нијанси, каде се гледаат темни вени и црни дамки. Покрај самите рабови има црни ленти, а самиот раб на крилјата е со бела нијанса. Горната страна кај мажјаците има јасно видлива виолетова нијанса во средишниот дел на крилјата и телото, а кој краевите има кафени нијанси. Рабовите се со бела нијанса. Долната страна е со кремаста боја, со црни дамки. Гасениците се ноќни видови. Јадат мајчина душица и капини. Оваа пеперуга живее на надморска висина до 900 метри.[1]

Подвидови[уреди | уреди извор]

Подвидови на пеперугата се:

  • Lycaena alciphron melibaeus (Staudinger, 1878)
  • Lycaena alciphron gordius (Sulzer, 1776)
  • Lycaena alciphron heracleana (Blachier, 1908)
  • Lycaena alciphron granadensis (Ribbe, 1905)

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)

Поврзано[уреди | уреди извор]