Промена на топоними во Грциjа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Промената на топонимите во Грција е систематска замена на негрчките географски и топографски имиња со грчки, како дел од политиката и идеологијата на хеленизација.[1] Главната цел на иницијативата била да се асимилираат или да се скријат географските или топографските имиња за кои се сметало дека се странски и отуѓувачки кон грчкото единство или дека се на „лош грчки“.[2]

Оваа политика започнала да се применува од 1830-тите, кога Грција е осамостоена од Отоманската Империја како кнежевство, и продолжила и во републиката. Најмногу промени има во етнички разнородната северна Грција, но исто така и во континентална Грција, каде што во значаен број живеат Арванитите. Топонимите кои се сметале за странски најчесто биле со турско, албанско и словенско, односно македонско, потекло.

И денес употребата на старите негрчки географски и топографски имиња е казниво според грчкиот закон.[3]

Според Институтот за современи грчки студии во Атина, помеѓу 1913 и 1996 година, во Грција се променети имињата на 4.413 населби. Најмногу од нив се случиле во Егејска Македонија—1.805 промени.[4] Во своето дело „Словени во Грција“, Макс Фасмер наведува 2.142 словенски имиња на населби во Грција во 1941 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tsitselikis, Konstantinos (2012). Old and New Islam in Greece: From Historical Minorities to Immigrant Newcomers. Martinus Nijhoff Publishers. стр. 49. ISBN 9789004221529.
  2. Zacharia, Katerina (2012). Hellenisms: culture, idenitity, and ethnicity from antiquity to modernity. Martinus Nijhoff Publishers. стр. 230–233. ISBN 9789004221529.
  3. Tsitselikis, Konstantinos (2012). Old and New Islam in Greece: From Historical Minorities to Immigrant Newcomers. Martinus Nijhoff Publishers. стр. 50. ISBN 9789004221529.
  4. „Pandektis: Name Changes of Settlements in Greece“. Посетено на 2016-11-30. List compiled by the Institute for Neohellenic Research. Click on [ + ] to reveal general information about the site.
  5. Die Slaven in Griechenland von Max Vasmer. Mit eine Karte. ( Verlag der Akademie der Wissenschaften, Berlin 1941 );( Zentral Antiquariat der Deutschen Demokratischen Republik, Leipzig 1970 )