Пролетната песна на жабите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пролетната песна на жабите — збирка раскази од канадската писателка Маргарет Етвуд (Margaret Atwood), објавена во 2005 година во издание на „Темплум“, како 36 книга во рамките на едицијата Магма. Преводот од англиски јазик е дело на Владимир Јанковски.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 149 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-67-4. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Жилиен Пако (Julien Pacaud), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Пролетната песна на жабите“ содржи пет раскази, преземени од збирката на Етвуд: „Јајцето на Синобрадиот“ (Bluebeard’s egg), а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

  • Изгрејсонце
  • Пролетната песна на жабите
  • Јајцето на Синобрадиот
  • Јадач на грев
  • Скарлетен ибис

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Маргарет Етвуд, Пролетната песна на жабите, Темплум, Скопје, 2005.