Владимир Јанковски
Изглед

Владимир Јанковски — македонски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јанковски работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“, а потоа преминал во издавачката куќа „Магор“. Се појавува прилично доцна на македонската книжевна сцена, и тоа како прозаист и како критичар, истражувач, преведувач, промотор и организатор на книжевни манифестации. Основни творечки опсесии на Јанковски се љубовта и градот, урбаноста. Во таа смисла, тој е дел од генерацијата кои целосно ги отфрлија големите, историски, мета наративни или постмодернистички теми и кои во својот фокус го имаат секојдневниот живот. Притоа, тој е под големо влијание на надреализмот и најревносен ученик на Влада Урошевиќ.[1]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Владимир Јанковски е автор на следниве прозни дела:
- роман, „Вечно сегашно време“ (2010)
- роман, „Невидливи љубови“ (2015)
- книга со фото есеи, потпишана заедно со фотографот Иван Блажев. (2015)[1]
- роман, „Скриени желби, немирни патувања“ (2020)
- разговори со Влада Урошевиќ - Кабинет на чуда со ѕидови од огледала (2023)[2]
- роман „Ехото на акробатите“ (2024)
Награди
[уреди | уреди извор]- 2024 - Награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Ехото на акробатите“[3]
- 2021 - „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“ за „Скриени желби, немирни патувања“
- 2016 - „Рациново признание“ за „Невидливи љубови“[4]
- 2015 - Избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика“, со романот „Невидливи љубови“.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Роберт Алаѓозовски, „Боење на градското сивило“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 133.
- ↑ Јанковски, Владимир (2023). Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ. Библиотека А. 13. Скопје: Антолог. ISBN 978-608-243-666-1.
- ↑ „Свечено доделување на наградата „Пегаз" за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите" од Владимир Јанковски“. literatura.mk. Посетено на 2025-10-11.
- ↑ „Добитници на Рациновото признание за 2016 година се Владимир Јанковски и Сашо Димоски“. Архивирано од изворникот на 2020-06-08. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ „Македонски претставник за „Балканика“ е „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 22.
|