Прејди на содржината

Пријатели со привилегии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пријатели со привилегии
Рекламен плакат
РежисерВил Глак
ПродуцентМартин Шафер
Лиз Глоцер
Џери Цукер
Џанет Цукер
Вил Глаг
СценариоКејт Мериман
Давид А. Њумен
Вил Глак
ПриказнаХарли Пејтон
Кејт Мериман
Давид А. Њуман
Главни улогиЏастин Тимберлејк
Мила Кунис
Патриша Кларксон
Џена Елфман
Брајан Гренберг
Нолан Голд
Ричард Џенкинс
МонтажаТија Нолан
СтудиоCastle Rock Entertainment
Zucker Productions
Olive Bidge Productions
ДистрибутерScreen Gems
Премиера22 јули 2011 г.
Времетраење109 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет35 милиони долари
Бруто-заработка149,5 милиони долари
IMDbID 1632708

Пријатели со привилегии (англиски: Friends with benefits) — американска романтична комедија од поновото производство снимена во 2011 година. Во филмот главна улога имаат Џастин Тимберлејк и Мила Кунис.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Џејми е млада, убава девојка што работи како агентка за вработување („хедхантер“) и живее во Њујорк. Дилан Харпер е автор на популарен блог од Лос Анџелес, кого Џејми го обработувала од далечина цели шест месеци, убедувајќи го да ја прифати должноста уметнички директор во познатото списание „GQ“.

Џејми го среќава Дилан на аеродромот, го придружува на интервјуто, а по неговиот успешен исход му го покажува Њујорк и го прославуваат неговото вработување.

Ликовите редовно се среќаваат и им се допаѓа да поминуваат време заедно. Но Џејми неодамна била оставена од нејзиното момче, кое ја обвинило за емоционална нестабилност, а Дилан пред да замине за Њујорк раскинал со девојка што му кажала дека посветува премногу време на работата и дека е „малку неемотивен“; и двајцата не се желни повторно да влезат во љубовна врска. Затоа, и покрај очигледната заемна симпатија, веднаш се согласуваат дека нема никаква смисла нивното прекрасно пријателство да го претворат во опасна и непредвидлива љубовна врска. Меѓутоа, една вечер, во станот на Џејми, по заедничкото гледање на клише-романтична комедија, тие решаваат да имаат секс без обврски. Но претходно си се заколнуваат на Библија (бидејќи немаат хартиена, се колнат на електронска) дека и по тоа ќе останат само пријатели. Ниту Дилан, ниту Џејми немаат намера да го повторат тоа искуство, но следната средба повторно завршува во кревет. И таа потоа. И сите следни... Излегува дека тие одлично си одговараат и во тој поглед.

На крајот, „само пријателите“ одлучуваат дека мораат да прекинат со сексот и да си најдат партнери за „вистински врски“. Џејми запознава симпатичен доктор по име Паркер, но ништо не излегува од тоа: штом ќе дојдат до кревет, докторот бега следното утро. Ни на Дилан не му оди со девојката што ја запознал во бар.

Дилан ја поканува Џејми на викенд во Лос Анџелес, каде што живее неговото семејство: сестрата Ени, внукот Семи и постариот, болен татко (тој има Алцхајмерова болест). Дилан и Џејми повторно ја минуваат ноќта заедно, иако Џејми, потиштена од приказната со Паркер, првично не била расположена за секс. Утрото, Ени се обидува да го убеди брат ѝ дека треба да биде со Џејми. Дилан се противи, изјавува дека Џејми не е за него, зборува за нејзиниот ужасен карактер. Џејми случајно го слуша нивниот разговор и истата вечер, без никакво објаснување, се враќа во Њујорк. По враќањето, Дилан се обидува да ѝ се јави на Џејми, но таа упорно го избегнува. Кога конечно ќе се сретнат, Џејми му ја искажува својата болка и го обвинува Дилан дека се дружел со неа само поради секс. Како последица на тоа, и двајцата си заминуваат навредени.

Таткото на Дилан доаѓа да го посети во Њујорк. И покрај болеста, тој јасно разбира што се случува со неговиот син и го убедува дека никогаш не е доцна да се поправат грешките. Дилан организира флешмоб за Џејми на Централната станица, за време на кој ѝ признава дека му недостига и ја моли да му го врати „најдобриот пријател што многу го сака“. Таа се согласува под еден услов — да ја бакне. Џејми и Дилан си договараат „прв состанок“, обидувајќи се да се однесуваат како штотуку да се запознале и ништо да не знаат еден за друг, но откако ќе седнат на маса во кафулето, не можат да издржат и си паѓаат во прегратка.

Глумец Улога
Џастин Тимберлејк Дилан Френсис Харпер Помладиот
Мила Кунис Џејми Релис
Вуди Харелсон Томи
Џена Елфман Ени Харпер
Патриша Кларксон Лорна
Ричард Џенкинс господин Харпер
Нолан Гулд Семи
Брајан Гринберг Паркер
Ема Стоун Кајла
Енди Самберг Квинси
Маси Ока Дарин Артуро Морена
Шон Вајт себеси
Џејсон Сигел Брајс
Рашица Џонс Медисон
Лили Миројник Лаура
Ангелик Кабрал Пам Биборски
  1. „Justin Timberlake Gets Between Sheets On Comedy In Menage A Trois Title Battle“. Deadline Hollywood. April 6, 2010. Архивирано од изворникот 21 септември 2015. Посетено на 29 август 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]