Прејди на содржината

Пристапување на Србија кон Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приклучување на Срби кон ЕУ
Статус
Стабилизација и придружување
Мреж. местоhttp://www.seio.gov.rs/
Напредок
Статистики
ЕУ просек Србија
ППП БДП ($M)552,78079.798
ППП по глава на жител ($)40,600
Област (km2)165,04888.361
Население18,583,5987.334.935

Пристапувањето на Србија кон Европската Унија (ЕУ) е процес во кој Република Србија треба да стане членка на ЕУ. На 22 декември 2009 година Србија официјално поднесе барање за членство во ЕУ. Покрај пречките во областа на политиката, на 7 декември 2009 година Србија го деблокира договорот за трговија со Србија, а на 19 декември 2009 година државите од шенген зоната им одобрија визна либерализација на српските граѓани.Владата на Србија има за цел Србија да пристапи кон ЕУ во 2014 година, според планот на Пападополу-агенда 2014.Заменик претседателот на Европската комисија Жак Барот изгледа дека ја поддржува оваа иницјатива, предвидувајќи го пристапувањето на Србија кон ЕУ во наредните 5 до 7 години по поднесувањето на формалното барање за пристапување.По преговорите со Србија кои западнаа во ќор сокак,во октомври 2010 година,се вели дека ЕУ ќе сака да продолжи со преговорите за пристапување.

На 7 ноември 2007 година, Србија отпочна Договор за стабилизација и асоцијација(ДСА) со ЕУ, односно се согласи со крајната верзија на текстот кој треба да претрпи мали промени или да остане непроменет, чекор што претходеше на официјалното потпишување што се очекуваше да се случи во 2008 година.Ова претставуваше пресвртница во преговорите за пристапување на Србија и беше спроведена по Советот на главниот обвинител за воени злосторства Карла дел Понте, која што ја извести ЕУ дека земјата соодветно ги почитува одлуките на трибуналот но Ратко Младиќ мора да биде во Хаг пред да се случи какво било официјално потпишување.

Обид на Србија за пристап кон ЕУПросек на земјите- членки на ЕУСрбија
(ППП)(БДП)552,78079,798
Површина (км2)165,04888,361
Население18,583,5987,334,935
Статус
Стабилизација и асоцијација
Мрежно место
http://www.seio.gov.rs/ Архивирано на 19 јануари 2018 г.

Ставот на српската влада

[уреди | уреди извор]

Владата на Србија сака да ја подготви земјата за пристапување кон ЕУ во периодот помеѓу 2012 и 2015 година.Сепак,се чини дека многу поверојатно е ова да се случи околу 2015 година заради големиот број на домашни проблеми и обемни реформи коишто треба да се спроведат.Српската влада изјави дека статусот на Косово не треба да се поврзува со преговорите со ЕУ.

На 29 април 2009 г. вицепремиерот Божидар Дјелиќ го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација(ДСА).На 1 мај српскиот премиер во тој период Воислав Коштуница рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил во право кога рекол дека треба да се потпише (ДСА).Но, еден ден подоцна, на 2 мај 2008 година, тој вети дека ќе го поништи договорот по изборите, нарекувајќи го „трик“, ”Договор на Солана” и” попишување на Тадиќ-Дјелиќ.По српските парламентарни избори во 2008 година, се формира нова влада и парламентарно мнозинство, а опозицијата која што го потпиша (ДСА) остана без политичка моќ.” Еден од првите чекори на новата влада ќе биде да го достави Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија на парламентот за ратификација.”изјави новиот српски премиер Мирко Цветковиќ.Почнувајќи од јануари 2009 г., српската влада започна еднострано да ги спроведува обврските од договорот. Европската комисија треба да ги процени ефектите.

Според една анкета од Центарот за слободни избори и демократија, почнувајќи од ноември 2009 година, 71% од граѓаните на Србија дадоа поддршка за пристапувањето.

Ставот на Европската Унија

[уреди | уреди извор]

Европската Унија(ЕУ) забележува дека единствениот предуслов и единствената пречка во процесот на пристапување на Србија кон ЕУ е српската соработка со Меѓународниот кривичен суд на поранеш за поранешна Југославија (МКСЈ),а мотивот за таа пречка и условување е предавањето на обвинетите Ратко Младиќ и Горан Хаѓиќ за злосторства против човештвото.И двајцата ги бара (МКСЈ). Холандија претставува сериозен противник во потпишувањето и ратификацијата на (ДСА) помеѓу ЕУ и Србија,која што изјави дека договорот нема да стапи во сила сè додека (МКСЈ) не го притвори Ратко Младиќ.На 15 септември 2008 г.Холандија го блокира делот поврзан со трговијата од (ДСА) со Србија.ЕУ и Србија се расправаа во врска со сроведувањето на мисијата на ЕУ ЕУЛЕКС во Косово.ЕУ сака да ја спроведе својата мисија во Косово според предлогот на Мрти Ахтисари за статусот на Косово,но Србија сака мисијата ЕУЛЕКС прво да биде одобрена од Советот за безбедност на Обединетите нации во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.Ова се случи подоцна откако канцеларот на ОН и српската влада направија план од 5 точки,по кој Советот за безбедност на ОН ја одобри мисијата ЕУЛЕКС,која што фунционираше под управата на УНМИК.Владите на Холандија и Белгија се спротивставија на потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација,додека владата на Шпанија лобираше на страната на Србија.

Преговори

[уреди | уреди извор]

Европската Унија ја разгледува можноста за проширување на Балканот уште од крајот на деведесеттите години.Преговорите станаа сериозни откако Србија го започна процесот на спроведување на реформи по падот на режимот на Милошевиќ во 2000год.тогаш,како дел од државната заедница на Србија и Црна Гора,кога ЕУ официјално објави дека Балканските држави се потецијални кандидати за членство.Ова е потврдено во 2003 г.

Во ноември 2005 г. започнаа преговорите околу Договорот за стабилизација и асоцијација.

На 3 мај 2006 г. ЕУ привремено ги замрзна преговорите околу (ДСА) со Србија,заради неуспехот во апсењето на Ратко Младиќ,наведувајќи дека Србија не успеа да ги исполни нејзините обврски за целосна соработка со Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.Ова го забави процесот на спроведување на реформи и влез на Србија во ЕУ.Во јули 2006 г. владата објави акционен план за апсење на Ратко Младиќ со цел да го пронајде и да го донесе поранешниот генерал пред лицето на правдата,по што се очекува подобрување на односите со ЕУ.Во мај 2007 г. српските партии постигнаа договор за нова влада ,и го поставија претседателот Борис Тадиќ за претседател на новоформираниот Совет за национална безбедност.Неколку недели по формирањето на Советот,српските власти направија две клучни апсења на обвинетите воени злосторници.Како резултат на тоа,на 13 јуни 2007 г.ЕУ одлучи да продолжи со преговорите.На 21 јули 2008 г. е уапсен Радован Караѓиќ.

На 8 ноември 2007 г. српскиот вицепремиер Божидар Дјелиќ и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен го одобрија Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Србија и ЕУ во Брисел.

Оли Рен рече дека одлуката на ЕУ за одобрување на Договорот за стабилизација и асоцијација е резултат на подобрената соработка со (МКСЈ),како што соопшти главниот обвинител на овој Суд,Карла дел Понте.

Рен истакна дека целосната соработка на Белград со (МКСЈ)и понатаму останува предуслов за потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација,кој беше одобрен по започнувањето на првиот круг преговори.На 16 јануари 2008 г. Холадија и Белгија потврдија дека тие нема да го потпишат (ДСА)(потребни се потписи од сите земји-членки на ЕУ) сè додека Србија не гипочитува целосно прваилата на (МКСЈ).На 14 јануари обвинителот на (МКСЈ) Серж Брамерц потврди дека нема промени и дека Србија се́ уште не соработува целосно.

По овој договор,ЕУ планира да ѝ даде кандидатски статус на Србија,најрано во 2009 г.,зависно од нејзината целосна соработка со судот во Хаг.

Договор за стабилизација и асоцијација

[уреди | уреди извор]

На 17 февруари 2008 г.привремената влада на Косово еднострано прогласи независност од Србија.Ова беше проследено од многу држави на ЕУ кои го признаа Косово како независна држава.Овие настани силно влијаеа на српскиот политички пејзаж.Процесот на пристапување на Србија кон ЕУ беше главната тема по која мислењата на коалиционите партии се разидуваа.

На 4 април 2008 г.српскиот премиер Воислав Коштуница,поддржан од министерот за инфраструктура Велимир Илиќ,изјави дека членството на ЕУ не е веќе на дневен ред на владата на Србија.Коштуница рече дека пред влезот на Србија во ЕУ тие мора да разговараат за прашањето околу границите и територијалниот интегритет на Србија.Тој рече дека Србија во никој случај не мора да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација.Тој го нарекува овој Договор ,“Договор на Солана.”

Во исто време,претседателот Борис Тадиќ рече дека Конвенцијата од Виена му дозволува да го потпише Договорот и дека ќе го потпише доколку му е понудено. Владата претходно му даде овластување на вицепремиерот Божидар Дјелиќ да го потпише договорот и тој сè уште е подготвен да го направи тоа.

На 29 април 2008 г. вицепремиерот Божидар Дјелиќ го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација.На церемонијата во Луксембург присуствуваа претседателот Борис Тадиќ и министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ.

На 1 мај Коштуница рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил во право кога рекол дека треба да се потпише (ДСА). Но,еден ден подоцна,на 2 мај 2008 година,тој вети дека ќе го поништи договорот по изборите,нарекувајќи го “трик”,”Договор на Солана” и” попишвање на Тадиќ-Дјелиќ (ДСА)”.

По српските парламентарни избори во 2008 година,се формира нова влада и парламентарно мнозинство,а опозицијата која што го потпиша (ДСА) остана без политичка моќ.” Еден од првите чекори на новата влада ќе биде да го достави Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија на парламентот за ратификација.”изјави новиот српски премиер Мирко Цветковиќ.На 9 септември 2009 г. парламентот на Србија го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ.Европската комисија(ЕК) го поздравува ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација(ДСА) од страна на српскиот парламент.

На 15 септември 2008 г. Холандија го замрна делот од претпристапниот (ДСА) со Србија поврзан со трговијата.

На 16 октомври 2008 г.српската влада еднострано одлучи да започне со реализирање на делот поврзан со трговијата од привремениот Договор за трговија со ЕУ почнувајќи од 1 јануари 2009 г.

НастанРепублика МакедонијаХрватскаАлбанијаЦрна Гора1Босна и ХерцеговинаСрбија2Косово

(според УНСЦР 1244)3

Почеток на преговорите за (ДСА)5.4.200024.11.200031.1.200310.10.200525.11.200510.10.2005(?)
Одобрување на (ДСА)24.11.200014.5.200128.2.200615.3.20074.12.20077.11.2007(?)
Потпишување на (ДСА)9.4.200129.10.200112.6.200615.10.200716.6.200829.4.2008(?)
Времена спогодба:
Ратификација од страна на ЕК27.4.200130.1.200212.6.200615.10.200716.6.20088.12.2009(?)
Ратификација на ПСА од страна на државата27.4.200130.1.200230.1.200214.11.200720.6.200822.9.2008(?)
Стапување во сила1.6.20011.3.20021.12.20061.1.20081.1.20081.2.2010(?)
Ратификација на (ДСА) од страна на:
Држави ПСА27.4.200130.1.20029.11.200613.11.200726.2.200922.9.2008(?)
Австрија6.9.200215.3.200221.5.20084.7.20084.9.200918.11.2010(?)
Белгија29.12.200317.12.200322.10.200829.3.201029.3.2010(2011)(?)
БугаријаСе приклучи кон ЕУ подоцна30.5.200813.3.200912.8.2010(?)
КипарСе приклучи кон ЕУ подоцна30.5.200820.11.20082.7.200926.11.2010(?)
ЧешкаСе приклучи кон ЕУ подоцна7.5.200819.2.200923.7.20099.12.2010(?)
Данска10.4.20028.5.200224.4.200825.6.200826.5.2009(2011)(?)
ЕстонијаСе приклучи кон ЕУ подоцна17.10.200722.11.200711.9.200819.8.2010(?)
Финска6.1.20046.1.200429.11.200718.3.20097.4.2009(2011)(?)
Франција4.6.20034.6.200312.2.200930.7.2009(2011)(2011)(?)
Германија20.6.200218.10.200219.2.200916.11.200914.8.2009(2011)(?)
Грција27.8.200327.8.200326.2.20094.3.201020.9.2010(2011)(?)
УнгаријаСе приклучи кон ЕУ подоцна23.4.200714.5.200822.10.200816.11.2010(?)
Ирска6.5.20026.5.200211.6.20074.6.20094.6.2009(2011)(?)
Италија30.10.20036.10.20047.1.200813.10.20098.9.20103.8.2010(?)
ЛатвијаСе приклучи кон ЕУ подоцна19.12.200617.10.200812.11.2009(2011)(?)
ЛитванијаСе приклучи кон ЕУ подоцна17.5.20074.3.20094.5.2009(2011)(?)
Луксембург28.7.20031.8.20034.7.200711.6.200922.12.20108.11.2010[47](?)
МалтаСе приклучи кон ЕУ подоцна21.4.200811.12.20087.1.20106.7.2010(?)
Холандија9.9.200230.4.200410.12.200729.1.200930.9.2009(2011)(?)
ПолскаСе приклучи кон ЕУ подоцна14.4.20076.2.20097.4.2010(2011)(?)
Португалија14.7.200314.7.200311.7.200823.9.200829.6.2009(2011)(?)
РоманијаСе приклучи кон ЕУ подоцна15.1.20098.1.2010(2011)(?)
СловачкаСе приклучи кон ЕУ подоцна20.7.200729.7.200817.3.200911.11.2010(?)
СловенијаСе приклучи кон ЕУ подоцна18.1.20077.2.200810.3.20097.12.2010(?)
Шпанија4.10.20024.10.20023.5.200712.3.200915.6.201021.6.2010(?)
Шведска25.6.200227.3.200321.3.200711.3.200914.9.2009(2011)(?)
Обединетото Кралство17.12.20023.9.200416.10.200712.1.201020.4.2010(2011)(?)
(ДСА) стапува во сила1.4.20041.2.20051.4.20091.5.2010(2011)(2011)(?)

(загради): најбрз можен датум

1 Преговорите за Црна Гора започнаа во ноември 2005год.додека беше дел од државната заедница Србија и Црна Гора. Спроведени се посебни технички преговори во однос на прашања под државна организациона надлежност. Во јули 2006 г. дадено е овластување за почеток на директни преговори со Црна Гора.На 26 јули започнаа директните преговори и завршија на 1 декември 2006 г.

2 Во ноември 2005 г. започнаа преговорите со Србија.(како дел од државната заедница Србија и Црна Гора,изменет мандат од јули 2006год.).

3 За Косово,делумно признатата отцепена покраиона на Србија,преговорите започнаа во 2003 и се́ уште траат.Мслењата на членовите на ЕУ се разидуваат во врска со тоа како точно да се продолжи со новиот процес за стабилизација и асоцијација САП во Косово,затоа што некој од членовите се спротивставуваат на неговата независност.

Клучни настани во процесот на пристапување на Србија кон ЕУ

[уреди | уреди извор]
ГодинаХронолошки ред на настаните:
1997Регионален приод.Советот на министри на ЕУ воспоставува политичка и економска условеност за развој на билатерални односи.1999: ЕУ предлага нов процес на стабилизација и асоцијација (ПСА) за пет земји од Југоисточна Европа,вклучувајќи ја и Србија.
2000-октмомвриПад на режимот на Милошевиќ.
2000-ноемвриСрбија ќе има корист од автономните трговски повластувања од ЕУ.
2001Првата година од спроведувањето на новата програма КАРДС,посебно создадена за државите во кои се спроведува новиот процес за стабилизација и асоцијација (ПСА).
2001-јуниЕвропскиот совет од Феира наведува дека сите држави во кои се спроведува новиот прцес на стабилизација и асоцијација (ПСА) се” потенцијални кандидати” за членство во ЕУ.
2001-јулиПочеток на консултативна работна група на ЕУ СРЈ.
2002-мартПопишување на договорот од Белград за државната заедница Србија и Црна Гора.
2003-јуниНа самитот во Солун,(ПСА) е потврдена како политика на ЕУ за Западниот Блакан.Потврдено е гледиштето на ЕУ за овие земји.
2003-јулиЗасилениот постојан дијалог на ЕУ со Србија и Црна Гора го замени форматот на Консултативната работна група.
2004-јуниОдлука на Советот за партнерство помеѓу ЕУ и Србија и Црна Гора,преработена во јануари 2006.
2004 -октомвриСоветот донесе заклучоци кои отворија процес за воведување на Договорот за стабилизација и асоцијација.
2005-октомвриОтпочнување на преговорите околу Договорот за стабилизација и асоцијација.
2006-3 мајОткажани се преговорите околу (ДСА) заради несоработка и недоволен напредок со (МКСЈ).
2006-21 мајЦрна Гора прогласува независност.
2006-15 јуниВладата на Србија официјално ја признава Црна Гора како независна држава.
2006-јуниПо прогласувањето на независноста на Црна Гора ,Србија станува законски наследник на државната заедница.
2006-октомвриПарламентот усвојува нов Устав, потврден со референдум.
2007-13 јуниПродолжување на преговорите околу (ДСА) со Србија по нејзиното ветувањето дека целосно ќе соработува со (МКСЈ).
2007-1 ноемвриОдобрување на (ДСА) со Србија.
2008-1 јануариСтапување во сила на Договорот за реадмисија и визната либерализација помеѓу Србија и ЕУ.
2008-17 февруариСобранието на Косово прогласува независност.
2008-18 февруариСоветот на ЕУ-одлуки за принципите,приоритетите и условите содржани во Европското партнерство со Србија вклучувајќи го и Косово.
2008-29 априлПотпишување на (ДСА) и на Времената спогодба со Србија во Луксембург.
2008-7 мајКомесарот Баро ја предава дадените насоки за визната либерализација,воспоставена за српсите граѓани,кои сакаат да патуваат во шенген земјите,да добијат безвизен режим.
2008-21 јулиАпсење на воениот злосторник Радован Караѓиќ.
2008-9 септемвриНационалното Собрание на Србија ги ратификува (ДСА) и ВС.
2008-15 септемвриХоландија ги блокира (ДСА) и делот поврзан со трговијата од овој Договор.
2008-16 октомвриСрпската влада еднострано одлучува да започне со спроведувањето на делот поврзан со трговијата од привремениот Договор за трговија со ЕУ почнувајќи од 1 јануари 2009 г.
2009-1 јануариСрбија го спроведува привремениот Договор за трговија со ЕУ.
2009-30 ноемвриЕвропската комисија одлучува да ја стави Србија на белата Шенген листа.
2009-7 декемвриЕвропската комисија одлучува да го сроведе привремениот договор за трговија со Србија.
2009-19 декемвриВоведување на безвизниот режим за Србија.
2009-22 декемвриСрбија официјално поднесува барање за членство во ЕУ.
2010-1 февруариСтапува во сила привремениот (ДСА).
2010-14 јануариЕвропската комисија одлучува да започне со ратификацијата на (ДСА) со Србија.
2010-21 јуниШпанија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-6 јулиМалта го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-12 августБугарија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-15 августИталија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-19 августЕстонија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-25 октомвриСоветот на ЕУ го предава барањето за членство во ЕУ на Србија на Европската комисија.
2010-8 ноемвриЛуксембург го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-11 ноемвриСловачка го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-16 ноемвриУнгарија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-18 ноемвриАвстрија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-24 ноемвриЕвропската комисија го претставува Законодавниот прашалник за кандидатите.Прашалникот содржи 2,483 прашања и подпрашања.
2010-26 ноемвриКипар го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-7 декемвриСловенија го ратификува (ДСА) на Србија.
2010-8 декемвриЧешка го ратификува (ДСА) на Србија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • • Ministry of Foreign Affairs of Serbia
  • • The EU integration Office
  • • War crimes, conditionality and EU integration in the Western Balkans, од Волјин Димитревиќ, Флоренс Хартман, Деан Јовиќ, Тија Мемисевиќ, Уредници: Џуди Бет, Јелена Обрадовиќ, Чарлот Папер бр. 116, јуни 2009, European Union Institute for Security Studies