Прирачникот на трујачот Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прирачникот на трујачот Јанг e британски филм, во режија на Бенџамин Рос. Главните улоги ги толкуваат: Хју О’Конор, Антони Шер и Тобијас Арнолд.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се заснова врз вистинска приказна за еден британски тинејџер, кој ги отрул родителите и колегите од работата. Греам е интелигентно момче, но многу неморално. Тој се интереира за хемијата и е фасциниран од морбидни убиства. Најпрвин, со мали дози отров, ја труе мајка си. Сепак, полицијата го открива и тој завршува во душевна болница. Поради добро поведение, тој излегува на слобода и се вработува во една фирма, каде почнува систематски да ги труе колегите. Кога еднаш ќе ги помеша шолјите со кафе, наеднаш ќе биде откриен неговиот идентитет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 16.