Приказни од куќичката на дрво
„Приказни од куќичката на дрво“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Киро Донев. Книгата е објавена од издавачката куќа „Македоника литера“ во 2013 година, а посветена е на двете ќерки на авторот, Бети и Зорка „за сите нивни неисполнети желби и соништа“.[1] Корицата на книгата ја обликувала Ленче Тосева, автор на илустрациите е Миле Топуз, а два цртежа во книгата се дело на Стојан Исак Бансколиев и на Стојна Донева. Книгата, со димензии од 21 сантиметар и со обем од 188 страници, е испечатена во печатницата „Графо ден“, а нејзиното издавање било финансиски помогнато од Министерството за култура на Македонија. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4614-32-6.[2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата ги содржи следниве раскази:[3]
- Приказни со „зачин“ — на мој начин
- Другарување за почитување
- Кај што има сила — правдина нема
- Јазо и светулките
- Кравата Шара
- Што ли бара Буба Мара
- Другарување — за почитување
- Желба
- Децата не знаат да лажат
- Борец со илјада копја
- Некој сака, еве вака...
- Баба во градинка
- Некој сака — еве, вака...
- Блаже маже
- Ленка и нејзината сенка
- Ден и ноќ
- Пријателство
- Мачиња — забавачиња
- Прехранбена задача
- Живко и Џивко
- Непослушното ластовиче
- И цветот му се радува на светот
- Убавината на планината
- Бреза и даб
- Зошто се скараа дедо Ристо и баба Мара
- Подарок што цвета
- Што ни носи април
- Месец за уживанција
- Што се случува во мај
- Колку штедиш — толку вредиш
- Велигден може да дојде
- Ретка глетка
- Јуни
- Колку бил богат јуни
- Збогувње со летото
- И мајките грешат
- Есенска слика
- Летка на прошетка
- Доцна есен
- Верверичката и црвот
- Зимата се ближи
- И мајките грешат
- Декември во гората
- Зимна екохимна
- Неканети гости
- Згода во незгода
- Пречек
- И Дедо Мраз греши
- Новогодишен сон
- Животински бал
- Новата година е за сите
- Разговор за февруари
- Имате ли вага за мерење лага?
- Првоаприлски вести
- Нерешено
- Првоаприлски маскенбал
- Среќа во несреќа
- Чудно чудо
- Четириножните другарчиња
- Крава желна за слава
- Малите ловци
- Што сони Тони
- Вљубена „турли-тава“
- Палавото кутре
- Приказни со зачин „зготвени“ на мој начин
- Девојката кралска папрат
- Смолар и Крали Марко
- Габро и самовилите
- Дојрана и разбојникот
- Пелистер и Молика
- Еленот и мостот
- Попот, Северецот и Југот...
- Царот и говедарот
- Самовилите и вљубените
- Радин мост
- Мечкин Камен
- Од една тиква — цела Тиквешија
- Гонтова Спила
- Мечкина Дупка
- Ќерката на рибарот и бегот
- Преспана и ловецот
- Мокринските извори
- Моноспитовскиот Ѓол