Прв триумвират на Аргентина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Првиот триумвират (шпански: Primer Triunvirato) било извршното тело на владата на Обединетите покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина). Првиот триумвират ја заменила Големата хунта. Триумвиратот функционирал од 23 септември 1811 до 8 октомври 1812 кога бил заменет со Вториот триумвират.

Потекло[уреди | уреди извор]

По поразот на патриотите за време на битката во Уаки на 20 јуни 1811 година, Големата хунта доживеала силен удар. Претседателот на хунтата, Корнелио Саведра, одлучил да преземе одговорност врз Армијата од северот и така ја напуштил функцијата и ја презел командата на Армијата. Ова овозможило маневарски простор на фракцијата која го поддржувала Маријано Морено, сè со цел да ја преземе функцијата и да ја распушти хунтата. Тогаш се одлучило да се избере триумвират кој би ја имал извршната власт во државата. Сепак овој триумвират бил под контрола на членови на хунтата.

Значајни подвизи[уреди | уреди извор]

Првиот триумвират бил одговорен за неколку значајни настани во тој период. Тој донел неколку значајни закони (Декларација за слободата на печатот, Законот за индивидуална безбедност, акт за основање на Комора на жалби и регулативи за администрацијата за правда). Дополнително, на 13 јануари 1812 година ја основал интенденцијата на покраината Буенос Аирес, како и наредба Мануел Белграно да преземе мерки за одбрана при напад од Монтевидео.

Крај[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Револуцијата од 8 октомври 1812.

Дејствијата на членовите биле ограниочени од борбите за моќ. Опозицијата успешно била неутрализирана, но внатрешната битка останала. Дополнително, опасноста за инвазија од Бразил и воените авантури на Манеул Белграно на север ја поткопале моќта на триумвиратот. Овој триумвират бил заменет со Вториот триумвират.

Членови[уреди | уреди извор]

Првични членови на Првиот триумвират

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Busaniche, José Luis (1969) (на es). Historia argentina. Buenos Aires: Ed. Solar. 
  • Lozier Almazán, Bernardo (1998) (на es). Martín de Álzaga. Buenos Aires: Ed. Ciudad Argentina. 
  • Mitre, Bartolomé (1968) (на es). Historia de San Martín y de la emancipación sudamericana. Buenos Aires: Ed. Eudeba. 
  • Segreti, Carlos S. A. (1980) (на es). La aurora de la Independencia - Memorial de la Patria. Buenos Aires: Ed. La Bastilla. 
  • Sierra, Vicente D. (1973) (на es). Historia de la Argentina. Buenos Aires: Ed. Garriga. 
  • Ternavasio, Marcela (2007) (на es). Gobernar la Revolución. Buenos Aires: Ed. Siglo Veintiuno. 
  • Bra, Gerardo. El Motín de las Trenzas (на es). „Revista Todo es Historia“ (187) 
  • Fernández, Alejandro E.; Aníbal Jáuregui; Darío Roldán. Un golpe militar en el camino hacia la independencia (на es). „Revista Todo es Historia“ (192) 
  • Heredia, Edmundo. Expediciones reconquistadoras españolas al Río de la Plata (1811-1814) (на es). „Revista Todo es Historia“ (201) 

Поврзано[уреди | уреди извор]