Втор триумвират на Аргентина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Втор триумвират
Segundo Triumvirato
Обединети покраини на Рио де ла Плата
Вид
Видтриумвират
Членови3
Прибелешки
Поврзано:
Собрание од 13 година

Вториот триумвират (шпански: Segundo Triunvirato) било владино тело на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, денес позната како Аргентина. Ова владино тело е наследник на Првиот триумвират од 1812 година, кратко време после Мајската револуција.

Историја[уреди | уреди извор]

Вториот триумвират е резултат на револуцијата од 8 октомври 1812 година, кога генералите Хозе де Сан Мартин и Карлос Марија де Алвеар ги здружиле силите со поранешните поддржувачи на Маријано Морено и го распуштиле Првиот триумвират. Кога членовите на Првиот триумвират биле сменети, Кабилдо назначил нови. Николас Родригез Пења бил назначен со 172 гласа наспроти 12, Антонио Алварез Хонте со 147 наспроти 35 и Хуан Хозе Пасо со 96 наспроти 87. Новиот триумвират го повикал Собранието од 13 година, настан кој Првиот триумвират одбил да го организира.[1] Триумвиратот започнал со работа на 8 октомври 1812 година.

Главните дејствија на Триумвиратот биле:

На Собранието од 13 година се одлучило Триумвиратот да се замени со функција бавувана од 1 човек, Врховен директор на Обединетите покраини на Рио де ла Плата. Така Триумвиратот завршил со функционирање на 22 јануари 1814 година и Хервасио Антонио де Посадас станал првиот Врховен директор на новата држава (денес оваа функција е позната како „претседател на Аргентина“).

Членови[уреди | уреди извор]

Првични членови на Триумвиратот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Galasso, pp. 87-88

Литература[уреди | уреди извор]

  • Segreti, Carlos (1980) (на es). La aurora de la Independencia. Memorial de la Patria.. Tomo II. Buenos Aires: Editorial La Bastilla. 
  • Ternavasio, Marcela (2007) (на es). Gobernar la Revolución. Buenos Aires: Editorial Siglo Veintiuno. 
  • Galasso, Norberto (2009). Seamos Libres y lo demás no importa nada. Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5. 

Поврзано[уреди | уреди извор]