Правда Спасовска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Правда Ефтова Спасовска ( 1926 во Куманово1944 ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште го изучила шивачкиот занает. Работела како работничка - шивачка. Уште рано се приклучила во помагањето на оруженото востание против окупаторот. Учествувала во многубројни акции во Куманово и со успех ги извршувала поставените задачи. Како признание за пројавената приврзаност кон НОВ и успешното извршување на поставените задачи, на 1 мај 1943 година била примена за член на СКОЈ. Во летото 1944 година стапила во Треттата македонска ударна бригада. Како искусен борец била примена за член на КПЈ и поставена за заменик политички комесар на чета. Кон крајот на 1944 година била ранета во една тешка борба против балистите кај реката Треска. Потоа била заробена и ѕверски мачена од балистичките банди, а накрај и стрелана. По ослободувањето на Македонија била закопана во Тетово.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 243. На |first= му недостасува |last= (help)