Портал:Шах/Дали знаете
Изглед
- ... дека филипинскиот велемајстор Еугенио Торе со 23 учества е рекордер по бројот на учества на шаховските олимпијади?
- ... дека Емануел Ласкер најдолго ја имал титулата светски првак во шах, цели 27 години (1894 - 1921).
- ... дека вистинското име на Гари Каспаров е Хари Вајнштајн?
- ... дека по Втората светска војна, шаховската репрезентација на Советскиот Сојуз била толку силна, па трипати се одржал меч меѓу СССР и остатокот од светот?