Портал:Таоизам/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лао-Це (кинески 老子, исто така именуван и како Лао-ци, Лао-цу итн.) е важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е. но многу модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте Школи на Мислата и Периодот на Завојувани Држави. На него му се припишува најважното таоистичко дело, „Тао Те Чинг“ ((道德經)), и тој претставува популарно божество во таоизмот (една од трите најголеми модерни религии во Кина).Прочитајте повеќе