Портал:Спорт/Избрана статија/2009/февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Универзијада — повеќеспортски меѓународен настан кој се одржува за универзитетските спортисти од страна на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ). Зборот „Универзијада“ е комбинација од зборовите „универзитет“ и „Олимпијада“. Денес наместо терминот Универзијда, често се употребуваат и термините „Светски универзитетски игри“ и „Светски студентски игри“, иако полследниот може да има значење и на некои подуниверзитетски натпреварувања.

Меѓународно универзитетско натпреварување за прв пат било одржано во 1923 година, а било организирано од Националната унија на студенти на Франција. Официјално, „Летни студентски светски пвенства“ биле одржани во 1924, а организирани од Меѓународната судентска конфедерација, а истите биле преименувани во „Светски студенстки игри во 1930. Прочитајте повеќе