Портал:Спорт/Избрана статија/2009/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елена Исинбаева (р. 1982) — руска атлетичарка која се натпреварувала во техничката дисциплина скок со стап. Таа е двократна олимписка првенка (2004 и 2008), трикратна светска првенка (2005, 2007, и 2013), тековен светски рекордер во дисциплината со прескокнати 5,06 м, а се смета за најдобра женска натпреварувачка во дисциплината на сите времиења. Исинбаева добила забрана да настапува на Летните олимписки игри 2016 откако Меклареновиот извештај обелоденил дека рускиот спорт бил предмет на државна програма за употреба на недозволени средства, што ја оневозможило да се повлече од спортот со освојување на златен олимписки медал. Таа се повлекла од атлетиката во август 2016 година откако била избрана да служи осумгодишен мандат во Спортската комисија на Меѓународниот олимписки комитет.

Исинбаева има освоени вкупно девет златни медали на големите натпреварувања, вклучувајќи ги Олимписките игри, светските првенства на отворено и во сала, како и на европските првенства на отворено и во сала. Таа исто така била победник на Атлетската златна лига во 2007 и 2009 година. По слабите резултати на светските првенства во 2009 и 2010 година, таа решила да се повлече од натпреварување во времетраење од една година. Прочитајте повеќе