Портал:Религија/Избрана личност/2009/јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свети Јован Крстител — братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто Го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (6 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари по македонскиот православен црковен календар. Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место:

  • според начинот на доаѓањето во светот
  • како Крстител на Месијата Исус Христос
  • според улогата на Крстител на луѓето за покајание
  • според трагичното заминување од овој живот со исекувањето на неговата глава. Прочитајте повеќе