Портал:Религија/Избрана личност/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Избрани биографии во порталот:Религија се оние статии поврзани со животниот пат на религиозните личности кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некоја религиозна личност на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива такашто секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги шаблоните: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
Russian icon Instaplanet Saint Nicholas.JPG

Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος) или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затварано, истото се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во Римското Царство. Прочитајте повеќе


ноември
Egypt.Osiris.statuette.01.jpg

Озирис бил староегипетски бог, кого според верувањата го снашла смрт и бил осакатен од раката на злото, а по голема борба со овие сили и со помошта на Боговите тој повторно оживеал и оттогаш станал цар на подземјето и судија на мртвите, а и бог на воскресението. Бил издигнат на толку високо место на небото што станал еднаков, а во одредени случаи и надмоќен од Ра, Богот-Сонце. Бил еден од најбитните богови во староегипетската религија и заземал видно место и во најстарите погребни книги и во ,,Книгата на мртвите". Исто така, бил еден од деветмината богови на Енеадата од Хелиополис. Прочитајте повеќе


октомври
Абу Бакр.jpg

Абу Бакр Ас-Сидик (Абдала ибн Аби Кухафа) (околу 573-634) бил очув на Мухамед, негов најдобар другар и советник, кој ги наследил политичките и административни функции на пророкот, а со тоа иницирајќи го создавањето на функцијата халифат. Мухамед го одликувал со титулата Сидик, верност на неговата моќ да размислува за вистината. По смртта на Мухамед, тој станал првиот муслимански владетел (632-634), а Сунитите го сметаат сметаат за прв рашидун („праведен халиф“). Во шиитскиот ислам, тој се смета за узурпатор и политички опортунист. Неговиот халифат траел две години и три месеци, време за кое за тоа време ја консолидирал муслиманската држава. По смртта на Мухамед, некои племиња се побуниле, па за возврат тој се борел против неверството во исламот, за да се воспостави исламската власт во цела Арабија.


септември
Michelangelos David.jpg

Давид (хебрејски: דוד драг, љубен) по Светото Писмо бил вториот цар (крал) на Израелско-јудејското царство. Според преданието, Давид бил наследник на првиот цар, Саул и владеел од 1005 година п.н.е. до 965 година п.н.е. Неговиот наследник е Соломон, неговиот син. Давид е познат како голем писател, музичар и пејач.

Според преданието, Бог го избрал Давид и му дал обеќање дека неговата лоза никогаш нема да биде уништена. Евреите сметаат дека Месијата кој се очекува да се роди треба да биде потомник на Давид. Според христијаните Исус Христос бил директен потомок на Давид. Владеењето на Давид или неговото постоење се уште не може да се докаже, односно времето, траењето, неговиот живот. Најстарите пишани документи датираат од 9 век п.н.е. од таканаречениот натпис Тел Дана. Прочитајте повеќе


август
NgawangLozangGyatso.jpg

Нгаванг Лобзанг Ѓацо или Лозанг Ѓацо (1617-1682) — петтиот далај-лама. Бил првиот со а е наречен и Величествениот петти далај-лама.

Лозанг Ѓацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упоричте на тибетските кралеви. Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг, речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јонтен Ѓацо. Прочитајте повеќе


јули
John the Baptist (15th c., Rublev museum) detail.jpg

Свети Јован Крстител бил братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто Го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (6 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари по македонскиот православен црковен календар. Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место:

  • според начинот на доаѓањето во светот
  • како Крстител на Месијата Исус Христос
  • според улогата на Крстител на луѓето за покајание
  • според трагичното заминување од овој живот со исекувањето на неговата глава. Прочитајте повеќе


јуни

Гуру Нанак Дев (пенџапски: ਗੁਰੂ ਨਾਨਕ ਦੇਵ, хинди: गुरु नानक, урду: گرونانک Guru Nānak) (роден на 15 април 1469 во Раи Бои ди Талванди (денес Нанкана Сахиб, во близина на Лахор, Пакистан - починал на 7 мај или 22 септември 1539) бил индиски светец и религизоен водач, кој се смета за централна фигура во сикизмот. Тој е прв од десетте гуруа на Сиките.

Гур Нанак Дев Ји се родил на 15 април 1469 во Хинду и Хатри семејство со кастинско уредување на односите, во селото Раи Бои ди Талванди (денес Нанкана Сахиб, во близина на Лахор, Пакистан. Денес, неговото родно место е обележано од Гурдвара Јанам Астан. Неговиот татко, Мехта Каљан Дас, познат како Мехта Калу бил патвари (сметководител) на приходот од жетва на целото село Талванди, со вработени Муслимани на плодното земјиште, Раи Булар Бати. Неговата мајка била Трипта Деви. Нанк имал постара сестра, Бебе Нанки. Прочитајте повеќе


мај
StandingBuddha.jpg

Буда (буквално „разбуден“, од санскрит "budh" - се будам, будење) се нарекува човек кој до ослободување дошол преку самсара.

Сидарта Гаутама Буда, е мудрец од Индија, и живеел во Северна Индија во текот на 6 век п.н.е., но се прославил во Кина. Татко му, Судходана, бил владетел на царството на Шакиите (во денешен Непал, во тоа време територија на Индија). Мајка му била царицата Маја. Според традициите на тогашното време, принцот се оженил многу млад, на 16 години за една прекрасна и млада принцеза на име Јашодхара.

Младиот принц живеел во својот дворец, разполагајќи со сите удобства. Но истовремено,соочувајќи се со реалноста во тогашно време, со неизбежната смрт и страданието на своето население, тој решил дека е потребно да се пронајде решение. Прочитајте повеќе


април

Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 72 година пред новaта ера до 2636 од новата ера). По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.

Голем број од научниците во полето на историјата и Библијата се сложуваат дека Исус бил евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека го крстил Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот гувернер Понтиј Пилат под оптужба за клевета против Римската империја. Прочитајте повеќе


март
Заратустра.jpg

Заратустра (авестански: Zaraθuštra), е древен персиски пророк и религиозен поет. Химните кои му се припишуваат се литургиската основа на зороастрианизмот.

Авестанскиот израз Zaraθuštra доаѓа од староперсискиот збор *zarat-uštra-. Оваа реконструкција е потврдена од подоцнежните форми на персискиот јазик.

Се смета дека Заратустра живеел во 6 век п.н.е. Но, кон крајот на 19 век, временски го сместувале многу порано (околу 1200 години пред Христос), а едно муслиманско предание вели дека Заратустра бил современик на Мојсеј. Разликите се појавуваат поради јазикот и темите кои се користени во химните што му се припишуваат на Заратустра лично. Прочитајте повеќе


февруари
BentoXVI-30-10052007.jpg

Бенедикт XVI (Јозеф Рацингер) е тековен папа на Римокатоличката црква.

Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за надбискуп на Минхен.

Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција. Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“, е противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој е и еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ. Прочитајте повеќе


јануари
Mohammed.jpg

Мухамед (арапски: محمد; Abu al-Qasim Muhammad Ibn Abd Allāh al-Hashimi al-Qurashi) е арапски религиозен и политички пророк во Исламот.

Роден е на 12 април 570 година во околината на Мека, денешна Саудиска Арабија. Неговиот татко починал неколку месеци пред тој да се роди. Како мал живеел надвор од градот, односно во пустина каков што бил и обичајот во Арабија. Кога наполнил шест години, починала мајка му, а по две години и дедо му. По нивната смрт, тој живеел заедно кај неговиот чичко. Заедно со него, повеќе пати бил по работа во Сирија каде се среќавал со христијански монаси и службеници. На дваесет годишна возраст стапил во брак со Хатиџа, која била ќерка на богат трговец и околу десет години постара од него. Во бракот, Мухамед се ослободил од материјалните должности. Прочитајте повеќе


Cscr-featured.svg
Архива на избрани личности
2011
Јустинијан I ·
2010
Папа Лав IX · Ѕанабаѕар · Џалалудин Руми · Конфучиј · Марија Магдалена · Соломон · Лао-це · Перун · Свети Пио · Алистер Кроули · Ра · Ибн Араби
2009
Мухамед · Папа Бенедикт XVI · Заратустра · Исус Христос · Буда · Нанак · Свети Јован Крстител · Лозанг Ѓацо · Давид · Абу Бакр · Озирис · Свети Никола
2008
Тенцин Ѓацо · Папа Лав I · Шри Чинмој ·