Портал:Книжевност/Избрано дело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Serdarot.jpg

Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος) е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата „Ловоров венец“, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. Прочитајте повеќе