Портал:Ислам/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Податотека:Allah-eser.jpg

Алах е арапскиот збор за „Бог“. Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и христијаните и Евреите. Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот-создател, веројатно врховниот бог во предисламска Арабија.

Концептите поврзани со зборот Алах (како божество) се разликуваат од предание до предание. Во предисламска Арабија кај Арапите-многубошци, Алах не бил единствениот бог, туку тој имал соработници и придружници, ќерки и синови — замисла која во огромна мера се коси со Исламот. Во Исламот, Алах е врховно и сеопфатно божествено име. Сите други божествени имиња се сметаат дека се имиња на истиот еден и единствен Бог. Прочитајте повеќе