Портал:Египтологија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Египетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот. Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет. Египет имал високо развиено сфаќање за задгробниот живот со ритуали за подготовка на телото и душата за вечниот живот после смртта. Прочитајте повеќе