Прејди на содржината

Портал:Воздухопловство/Избрано летало

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ан-225 Мрија (украински: Ан-225 Мрія, НАТО назив: Козак) е стратешко транспортно летало кое било конструирано од Антонов, и претставува најголем досега конструиран авион, според најприфатливата и најприфатената мерка, максимална вкупна тежина при полетување. Дизајнот, наменет за транспорт на вселенскиот орбитер Буран, претставува зголемена верзија на Ан-124 Руслан. Мрија (Мрія) значи „сон“ (инспирација) на украински.

Со максимална вкупна тежина од 640 тони, Ан-225 е најтешкото и најголемото летало во светот. Хјуз Х-4 Херкулес, попознат како „Spruce Goose“, имал поголем распон на крилата и поголема просечна височина, но е значително покус, а и полесен поради тоа што бил конструиран од полесни материјали. Покрај тоа, Херкулес летал само еднаш, и не многу високо, со што Ан-225 е најголемото летало во светот кое полетало повеќе пати. Прочитајте повеќе