Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стерлингова наградабританска награда, која се доделува за достигнувања во архитектурата. Наградата, името го добила по архитектот Џејмс Стерлинг и се доделува еднаш годишно од страна на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Стерлинговата нагарада, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено наголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од £ 20.000.

Шест градби се избирааат во конкуренција на поголем број на градби, кои ја имаат добиено RIBA наградата. Оваа награда се доделува за градби кои прикажуваат „високи архитектонски стандарди и суштински придонес во локалната околина“. Во 2003, дури 70 вакви градби ја добија RIBA наградата. Прочитајте повеќе