Портал:Античка Македонија/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Архелај I бил крал на Македонија од 413 до 399 п.н.е., кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.

Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Прочитајте повеќе