Пореметување на родовиот идентитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пореметување на родовиот идентитет – категорија која сѐ уште постои во официјалниот список на психолошки пореметувања – таканаречената DSM-IV дијагноза. Оваа дијагноза е доделена на трансродните и други разнородни личности. Дијагнозата се почесто се дава на деца кои не ги почитуваат општествено очекуваните норми (родов идентитет/изразување) во облекувањето, игрите или однесувањето. Тие деца најчесто се ставени под интензивна психотерапија, модификација на однесувањето и/или се институционализирани.

Се употребува и терминот полова дисфорија.

Пореметувањето на родовиот идентитет се смета за навредливо, затоа што ги етикетира луѓето како „пореметени“. Трансродните личности можат да бидат хетеросексуални, лезбејки, геј или бисексуални личности.