Помош:Акцентирани македонски букви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е мало упатство за примена на македонски букви со надреден знак Ѐ, ѐ, Ѝ, ѝ, кај разните веб прелистувачи.

Windows XP/2000/ME/98[уреди | уреди извор]

Internet Explorer[уреди | уреди извор]

Internet Explorer го препознава знакот „Ѐ“, и „ѐ“, но за да е видлив знакот „Ѝ“ и „ѝ“, мора да се вметнат во соодветниот шаблон во облик {{Уникод|Ѝ}} или {{Уникод|ѝ}} за да бидат видливи. [citation needed] Копчето за овој шаблон се наоѓа во алатникот на дното на страницата.

Останати пребарувачи[уреди | уреди извор]

Пребарувачите Mozilla Firefox и Opera ги препознаваат сите овие букви без никакви додатоци.

Linux[уреди | уреди извор]

Пребарувачи[уреди | уреди извор]

Најголемиот број на пребарувачи како Galeon, Konqueror, Mozilla, Mozilla Firefox, Opera и други ги препознаваат сите овие букви без проблеми доколку имате инсталирано поддршка за македонски јазик.

Внесување на знаците[уреди | уреди извор]

За внесување кој било од знаците под Windows користете ја комбинацијата ctrl+shift+уникодната шифра на знакот, додека за Линукс е доволно да притиснете ` (нема да се појави ништо), па потоа е или и. На пример за под Windows да внесете Ѐ, држејќи ctrl и shift истовремено, ги притискате копчињата 4, 0 и 0;

Шифри[уреди | уреди извор]

Шифрите Уникод за акцентираните македонски букви се следниве:

  • Ѐ = U+0400
  • ѐ = U+0450
  • Ѝ = U+040D
  • ѝ = U+045D

Понатамошна помош[уреди | уреди извор]

Доколку и по читањето на ова упатство и следењето на упатствата содржани во него имате некаков проблем или пак нешто сè уште не ви е јасно, слободно побарајте помош на порталот.