Полумајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полумајмун

Полумајмуните (или Prosimii) ги вклучуваат лемурите, раконогот, лорите и аветите. Лемурите живеат во шумите на Мадагскар и на околните острови, а се хранат со инсекти, мали `рбетници, израстоци и лисја. Времето го поминуваат, главно, во дрвјата симнувајќи се на земјата повремено за храна. Повеќето имаат долги опашки и голем број се активни ноќе. Лорите потекнуваат од Африка и од Јужна Азија. Имаат огромни тркалезни очи и се хранат со инсекти. Аветите (тарзиерите), кои живеат во шумите во Индонезија и на Филипини, исто така, имаат огромни очи. Иако не растат повеќе од 16 cm, можат да прескокнат над 1,8 m од едно дрво на друго.

Приматите се поделени во два подреда: просимијани и антроподи. Во подредот просимијани се вклучени неколку групи мали, главно арбореални и ноќни животни од тропски предели на Стариот Свет кој се протега од Африка до Филипинските острови. Поповите прасиња од дрвјата на Индија и Југоистична Азија се мали животни, кои надворешно многу личат на верверици.