Политичка култура

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Постојат неколку дефиниции за терминот политичка култура, но сите се согласуваат дека политичка култура е „збир на вредности низ кои делува политичкиот систем“. Политичката култура е уникатна за секој народ, за секоја држава, за секоја заедница, и воопшто не е исто што и политичка идеологија. Политичарите од различни политички партии (од опозицијата и од власта на пример) најчесто не се согласуваат со тоа што го прави владата, но мора да делат иста политичка култура.

Како термин, политичката култура е воведена во Америка кон крајот на 1950-ти години. Овој термин веднаш го прифатиле двајца водечки политички научници од Европа од тоа време, Лембрух и Лихфарт.

Правени се повеќе обиди за поделба на видови политичка култура, но оваа поделба е општо за сите:

  • политичка култура на народот, и
  • политичка култура на политичарите, која натаму се дели на: политичка култура на коалицијата на власт, и политичка култура на опозицијата.

Што е тоа политичка култура?[уреди]

За да се оформи објаснувањето на политичката култура во една земја, треба добро да се познаваат локалните збиднувања. Некои критичари сметаат дека политичката култура е резултат, а не причина на политичките процеси. Исто како што општата култура не се претвора во демократија, туку демократијата произведува општа култура.

Наводи[уреди]