Подмосковски вечери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Подмосковските вечери (руски: Подмосковные Вечера) - популарна руска песна компонирана во 1955 година од Василиј Соловјов-Седој (музика) и Михаил Матусовски (текст).

Почеток[уреди | уреди извор]

Подмосковските вечери се смета за традиционална и долго се користи како генеричка музика од Радио Москва. Васили Соловјов-Седој кој бил роден во Ленинград, на почетокот ја насловил пенста „Ленинградските вечери“, но на барање на советското министерство за култура, песната е насловена „Подмосковските вечери“, со соодветни промени на текстот.

Песната ја интерпретирал Владимир Трошин, млад актер на Московскиот театар за документарец за Спартакијадата на СССР. Во филмот немала голема важност, но постигнала голема радио-популарност.

Меѓународна популарност[уреди | уреди извор]

Песната станала меѓународно позната после изведбата на Светскиот фестивал на младината и студентите кој таа година се одржал во Москва. Била особено популарна во Кина. Клавирската интерпретација на американскиот пијанист Ван Клибурн придонела за оваа популарност. При посетата на Михаил Горбачев на САД, тој ја извел и во Белата куќа.

Текст[уреди | уреди извор]

Текст на руски Превод на македонски

Не слышны в саду даже шорохи,
Всё здесь замерло до утра.
Eсли б знали вы, как мне дороги
Подмосковные вечера.

Речка движется и не движется,
Вся из лунного серебра.
Песня слышится и не слышится
В эти тихие вечера.

Что ж ты, милая, смотришь искоса,
Низко голову наклоня?
Трудно высказать и не высказать
Всё, что на сердце у меня.

А рассвет уже всё заметнее.
Так, пожалуйста, будь добра.
Не забудь и ты эти летние
Подмосковные вечера.

Не се слуша ни шумолењето во градината,
Сè замрело до изутрина.
Кога би знаеле, колку ми се драги
Подмосковските вечери.

Рекичката тече и не тече,
Целата посребрена од месечината,
Песна се слуша и не се слуша
Во тие тивки вечери.

Зошто мила гледаш попреку,
Главата си ја наведнала?
Тешко е да се искаже и да не се искаже
Сè што на срцето ми лежи.

А зората сè повеќе рудее.
Затоа те молам, биди добра
И не заборавај ги и ти тие летни
Подмосковски вечери.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]