Пиња колада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиња колада

Пиња колада (шпански: piña - ананас, и colada - цеден) — сладок коктел чија основа е рум.

Содржи рум и сок од кокос и ананас измешани со мелен мраз. Како и многу популарни коктели, пиња колада има варијации чии рецепти се поедноставни.[1]

Чи чи е слично на пиња колада, само што наместо рум се користи вотка.

Потекло[уреди | уреди извор]

Постојат неколку спротивставени приказни за потеклото на овој коктел.

Вистинската пиња колада била создадена во 1957 година во хотелот Кариби Хилтон во Сан Хуан, Порторико. За негов творец се смета Рамон Монсито Мереро, шанкер во хотелот во тоа време.[2]

Според една популарно интернетско предание, човекот кој ја измислил пиња колада не е од Карибите, туку од Европа. Неговото име е Рикардо Гарсија, а роден е во Барселона, Шпанија во 1914 година во мала соба над ресторанот на неговиот дедо.[2] Првиот алкохолен пијалак Рикардо го направил на 4-годишна возраст кога се прикрал зад шанкот на својот дедо. Иако рекол дека бил строго казнет поради тоа, знаел дека открил што сака да прави во животот. Господин Гарсија на крајот станал сопственик на два од најдобрите ресторани во Барселона, а неговиот успех му донел големо богатство и го направил славна личност.

Популарна култура[уреди | уреди извор]

Пиња колада е позната по тоа што е службен пијалак на Порторико .

Овој коктел станал популарен по песната Escape-Song about Pinja Colada, хит на Руперт Холмс. Пиња коладата била спомната и во хитот Dreadlock Holiday од 1978 година.

Гарт Брукс пее за Two Pine Colas во хит-песната од неговиот албум Sevens.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kako se pravi koktel Pina Colada“. Кako pedija. Посетено на 2020-01-27.
  2. 2,0 2,1 ИН4С (2015-07-07). „Пиња колада: Савршен љетњи коктел“. ИН4С (српски). Посетено на 2022-06-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]