Пирамида на Амени Кемау
Пирамида на Амени Кемау | |
---|---|
Нацрт на потструктурите на пирамидата на Амени Кемау во Дахшур | |
Амену Кемау | |
Координати | 29°46′54″N 31°13′17″E / 29.78167° СГШ; 31.22139° ИГД |
Изградба | ок. 1790 п.н.е.[1] |
Тип | Разрушена пирамида |
Висина | 35 м |
Основа | 52 м |
Пирамидата на Амени Кемау ― староегипетска пирамида сместена во јужниот дел на Дахшур. Изградена била ок. 1790 п.н.е. за Амени Кемау, петтиот крал на 13-та династија за време на вториот среден период.[1] Каменот што ја сочинува неговата горна структура е целосно ограбен, но оштетените подструктури остануваат. Пирамидата била откриена од Чарлс Артур Масис во 1957 година и ископана во 1968 година. Пирамидата првично стоела 35 м висока со должина на основата од 52 м. Гробната комора се состои од еден огромен блок кварцит сличен на оној на Аменемхат III, со садови за саркофагот и крошни тегли ископани од внатрешноста на блокот.[2]
Откривање и ископувања
[уреди | уреди извор]Најраното познато историско споменување на пирамидата на Амени Кемау се наоѓа во книгата на средновековниот арапски историчар Таки ал-Дин Ахмад Ал-Макризи, „Географија и историја на Египет“[3] каде што Ал-Макризи ги опишува пирамидите во Дашур. Пирамидата на Амени Кемау била повторно откриена во 1957 година од тим предводен од Чарлс Артур Масис.[4] Кратко потоа, во 1968 година, Вито Мараџољо и Челесте Риналди ја истражувале архитектурата на пирамидата.[5] Неодамна, остатоците од погребната опрема на кралот биле објавени од Набил Свелим и Ајдан Додсон.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Техники на изградба на египетските пирамиди
- Список на египетски пирамиди
- Лепсиусов список на пирамиди
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 K.S.B. Ryholt: The Political Situation in Egypt during the Second Intermediate Period, c.1800-1550 BC, Carsten Niebuhr Institute Publications, том 20. Copenhagen: Museum Tusculanum Press, 1997
- ↑ Mark Lehner: The Complete Pyramids, London: Thames and Hudson (1997), p.185 ISBN 0-500-05084-8.
- ↑ Taqi al-Din Ahmad Al-Maqrizi: Geography and History of Egypt, French translation available online.
- ↑ Robert Schiestl: Pottery from Pyramids of the 13th Dynasty in the Dahshur Region: Survey in Dahshur 2006 in: Bulletin de Liaison de la Ceramique Egyptienne 23 (2012), Institut Francais d'Archeologie Orientale ISBN 978-2-7247-0635-2, pp. 51–62
- ↑ V. Maragioglio, C. Rinaldi: Note sulla piramide di Ameny ‘Amu, Orientalia n.s. 37 (1968), pp. 325–338
- ↑ Nabil Swelim, Aidan Mark Dodson: On the Pyramid of Ameny-Qemau and its Canopic Equipment, Mitteilungen des Deutschen Archäologischen Instituts, 1998, p. 319–334.