Пејзажна архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стауртхед во Вилтшир, Англија, дизајниран од страна на Хенри Хоар (1705-1785)

Пејзажна архитектура — засебна научна дисциплина која се занимава со проектирање на отворени јавни и приватни површини, знаменитости и структури. Целта е да се постигнат специфични социјални и естетски ефекти во животната средина[1] Тоа подразбира систематска анализа на постојните социјални, еколошки и почвени состојби и процеси во пејзажот и осмислување интервенции кои ќе доведат до посакуваниот резултат. Професијата вклучува пејзажен дизајн, просторно планирање, обновување и одржување на животната средина; планирање на паркови и рекреативни содржини и планирање на зелена инфраструктура. Покрај јавните површини, исто така се бави со проектирање на приватни градини. Лицата кои се занимаваат со оваа професија се нарекуваат пејзажни архитекти.

Во Македонија многу често за пејзажна архитектура погрешно се користи терминот хортикултура, кој всушност претставува растително производство.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Пејзажната архитектура е интердисциплинарана наука, која вклучува аспекти на ботаника, хортикултура, ликовна уметност, архитектура, индустриски дизајн, педологија, животна средина, географија, и екологија. Големината на проектите во пејзажната архитектура значително варира, од креирање на јавни паркови, до планирање на кампуси, дизајн на приватни градини, дизајн на урбана инфраструктура, како и санација на деградирани предели како што се напуштени рудници или депонии. Обликување на пејзажот се состои од дизајн на цврсти елементи (поплочувања, потпорни ѕидови) и дизајн на меки елементи (вегетација).

Професија[уреди | уреди извор]

Во многу земји, постојат професионални институции (комори), кои се состојат од членови на стручната заедница, со цел да се заштити и унапреди професијата. Меѓу другото, овие комори ја регулираат работата на пејзажните архитекти и издаваат овластувања за нивното професионално работење. Стандардите и легислативата според кои работат овие институции се разликува во зависност од земјата. Во некои земји, вклучувајќи ја и Македонија, има многу мало или никакво регулирање. Во Европа, Северна Америка, делови од Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд, пејзажната архитектура е регулирана професија.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sir Geoffrey Jellicoe, Susan Jellicoe, The Landscape of Man: Shaping the Environment from Prehistory to the Present Day ISBN 9780500274316
  2. „The Ontario Association of Landscape Architects“. Oala.on.ca. http://www.oala.on.ca.