Пештера Растуша
Пештера Растуша е пештера која се наоѓа на падините на Хрње брдо, село Растуша, Општина Теслиќ, Република Српска, БиХ. Должината на пештерата е 440 метри. Оддалечена е 12 км од градот Теслиќ. Во пештерата Растуша е откриено камено оружје и парчиња од дрвено јаглен, кои ги користеле неандерталците пре 30.000 до 60.000 години[1]. Освен тоа, пронајдени се и остатоци од плеистоценски волк (Canis lupus) и пештерска мечка (Ursus spelaelus). Пештерата Растуша е и живеалиште на лилјаци. Од пештерски накит застапени се саливи, сталактити, бигрени кади и пештерски хиероглифи наречени „леопардови шари“, поради своите карактеристични форми.
Со години пештерата била несредена и не се искористувала. Кон крајот на 20-иот век локалните стопанственици ја користеле за одгледување на печурки, а на почеткот на 21-иот век по прв пут е извршено поголемо уредување. Во таа прилика се уредени бетонските патеки во внатрешноста за движење на посетителите, разведено е основно електрично осветлување, а влезот во пештерата се контролира и наплатува. Кон крајот на првата деценија на 21-иот век вршени се и понапредни археолошки истражувања во пештерата.[2]
Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културно-историското и природното наследство на Република Српска, и спаѓа во природно добро од II категорија, a од 2012 година е заштитена во категоријата Споменик на природата. Отворена е за туристички посети.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пештери во Република Српска
- Заводот за заштита на културно-историското и природното наследство на Република Српска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ РТРС: Растушка пећина — нађене кости носорога, 5. 7. 2012., Посетено на 20. 12. 2012.
- ↑ Независне, Растушка пећина све привлачнија за туристе, 9. 6. 2011., Посетено на 20. 12. 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Републички завод за заштиту културно-историјског и природног наcљеђа Републике Српске: Пећина Растуша код Теслића заштићена у категорији „споменик природе“, Горан Панић, 20. 9. 2012., Посетено на 20. 10. 2012.
- Републички завод за заштиту културно-историјског и природног наcљеђа Републике Српске: Споменик природе „Пећина Растуша“; 2010, Посетено на 20. 10. 2012.
- Службени гласник Републике Српске: Одлука о заштити споменика природе „Пећина Растуша“ — 18. 9. 2012., Посетено на 20. 10. 2012.[мртва врска][мртва врска]
- Завод за заштиту културно историјског и природног насљеђа Републике Српске: Пећина Растуша[мртва врска][мртва врска]
- Завод за заштиту културно историјског и природног насљеђа Републике Српске: Заштита спелеолошких објеката Републике Српске