Прејди на содржината

Петар Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Николов Рензов
Роден(а)околу 1850
Ораовец, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1921
Велес, Кралство СХС (денес Македонија)

Петар Николов Рензов — македонски зограф, претставник на Дебарската школа.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е околу 1850 година во Ораовец, во семејството на познатиот зограф Никола Дамјанов. Потекнува од големиот зографски мијачки род Рензовци и е еден од најдобрите претставници на последното поколение зографи од овој род. Учел иконопис од татко си и работел со други зографи.

Во 1870 година ги насликал иконите во црквата „Св. Илија“ во с. Сејаце кај Врање заедно со Димитар Папрадишки, Теофан Буџароски и Ангелко Дидон. Дело на Петар и неговиот братучед Ангел Андреев е фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во скопското село Блаце од 1875 година. Извршувањето на работата сè уште е неизвесно, а некои од фреските подоцна биле поправени и пресликани.

Автор е на главните икони во црквата „Успение Богородично“ во Велес.