Персонал (филм од 1975)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Персонал (полски: Personel) - полски филм од 1975 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Јулиуш Махулски, Михал Тарковски, Влоџимирж Борунски, Томаш Ленгрен, Кристина Вахелко, итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Деветнаесетгодишното момче Ромек Јанухта (го игра Махулски) се вработува во одделот за изработка на костуми во рамки на еден театар во Варшава. За време на пробата на оперската претстава, главниот оперски пејач го напаѓа кројачот Сова (го игра Тарковски), жалејќи се на квалитетот на костумот. Потоа, вработените одржуваат состанок на кој Ромек застанува во одбрана на Сова, а Сова отворено зборува за влошените меѓучовечки односи во театарот. По тој состанок, Ромек добива покана да се зачлени во партијата, со ветување дека ќе добие материјална помош, а потоа тој е повикан кај директорот на театарот, кој му наложува да напише писмо против Сова.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]