Пенати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енеја и Пенатите, од ракопис од 4 век
Енеја и Пенатите, од ракопис од 4 век

Пенати (латински: Di Penates) — заштитници и чувари на домовите во Стариот Рим. Нивните имиња, едноставно, значеле и „дом, куќа“. Нивните кипови најчесто биле чувани во внатрешноста на куќите, во т.н. penetralia, додека државните пенати се чувале во пентралиите на храмовите на Веста, кои ги сметале за огниште на државата. При преселбата од едно во друго место, луѓето си ги пренесувале и своите пенати.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 223.