Па Тат Луанг
Па Тат Луанг (лаоски: ວຽງຈັນ or ທາດຫຼວງ, „голема ступа“) е голема будистичка ступа која се наоѓа во Виентијан во Лаос.[1] Денес ступата е прекриена со златни плочи, а во текот на својата историја претпела неколку измени. Се верува дека со изградбата на ступата се започнало во 3 век. Општо гледано. ступата се смета за најзначаен културно-историски споменик во Лаос и еден од симболите на државата,[2] односно Па Тат Луанг е прикажан на националниот грб на Лаос.
Историја
[уреди | уреди извор]Според месното лаоско население, Па Тат Луанг првично бил хиндуистички храм во 1 век. Бидистичките мисионери од Маурјанската Империја кои биле испратени од императорот Ашока, според традицијата, донесе свет реликт (коска од Буда) во ступата..[2] Подоцна, овој храм бил претворен во кмерски храм, кој по распадот на Кмерската Империја, се распаднал.
Во средината на 16 век кралот Сетатират го преместил главниот град на неговата империја од Луанг Пабанг во Виентијан и во 1566 година наредил повторна изградба на Па Тат Луанг.[3] Ступата била изградена на 34 км од центарот на Виентијан.[2] Основата има должина од 69 метри, висока 45 метри и и опколена од 30 мали ступи.[2]
Во 1828 година ступата била уништена за време на тајландската инвазија во Лаос. Ступата била многу оштетена и напуштена. Во 1900 година, кога во регионот навлегле француските колонијални сили го вратиле првобитниот изглед на ступата, врз основа на деталните цртежи од францускиот архитект Луи Делапор од 1867.[3] Сепак, првиот обид не бил успешен, па така ступата била редизајнирана и обновена повторно во 1930-те години.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Ступата Па Тат Луанг
-
Внатрешноста на ступата
-
Ступата за време на изгрев на сонцето.
-
Нага во ступата.
-
Фестивалот Татлуанг во 2010
-
Фестивалот Татлуанг во 2010
-
Ступата ноќе.
-
Тат Луанг.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Foreman, William (2004-12-28). „Laos: A day in Vientiane is full of temples, colonial architecture and surprises“. USA Today / AP. Посетено на May 22, 2010.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Half Day Tour In Vientiane“. Lasi Global. May 1, 2009. Архивирано од изворникот на 2020-03-02. Посетено на September 26, 2009.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Pha That Luang (built 1566, reconstructed 1930)“. Asian Historical Architecture. Посетено на September 26, 2009.
- Па Тат Луанг на Ризницата ?
17°58′34.20″N 102°38′03.30″E / 17.9761667° СГШ; 102.6342500° ИГД