Прејди на содржината

Паја и Јаре

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Паја и Јаре“филм на режисерот Мило Ѓукановиќ од 1973 година. Главните улоги ги играат: Миодраг Петровиќ Чкаља, Павле Вуисиќ, Радмила Савиќевиќ, Рахела Ферари и Александар Гавриќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажани доживувањата на долгогодишниот возач на камион-ладилник, заедно со неговиот помошник. Тие ја напуштаат својата работна организација зашто не сакаат да одат на дополнително школување и решаваат да работат како самостојни превозници. Сепак, по многу непријатности, тие сфаќаат дека е најдобро да се вратат во својата организација каде вредно учат, го завршуваат училиштето и ја продолжуваат својата стара работа.